Коалицијата Сите за правично судење со големо задоволство Ве поканува да присуствувате на настан, на кој ќе се презентираат резултатите од анализата „Имплементација на меѓународни стандарди за фер и правично судење“ која произлезе од реализацијата на проектот Мониторинг на имплементацијата на меѓународни стандарди за правично судење во Основен суд Скопје I и Скопје II , а ќе се оддржи на 13 јули 2017 година (четврток) од 10:30 часот во Клуб на новинари во Скопје
Проектот кој Коалицијата го имплементираше е дел од „Мрежа 23+“, спроведуван од страна на Институтот за Европска политика – ЕПИ како носител на Проектот „Мрежа 23+“ и партнерската организација Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија.
Во извештајот се анализирани резултатите од набљудуваните предмети пред Основен Суд Скопје I и Скопје II. Врз основа на заклучоците и препораките кои произлегуваат од спроведената анализа, се очекува да се превземат конкретни мерки на законодавен и институционален план за надминување на воочените слабости и поголемо почитување на стандардите за правично судење пред домашните судови како и запознавање на јавноста со стандардите за правично судење.
Би Ве замолиле да номинирате претставник од Вашата организација/институција најдоцна до 12.07.2017г. (среда) на следната е-маил адреса : iveljanovska@all4fairtrials.org.mk , или контакт телефон 078 417 636, лице за контакт Илина Вељановска.