[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Event / Оглас за привремен ангажман на набљудувачи на кривични судски постапки

Оглас за привремен ангажман на набљудувачи на кривични судски постапки

Nov
3

Оглас за привремен ангажман на набљудувачи на кривични судски постапки поврзани со организиран криминал и корупција во специјализираното одделение на Основниот кривичен суд Скопје

Коалицијата „Сите за правично судење“ за потребите на спроведувањето на проектот „Мониторинг и подобрување на капацитетите на институциите во борбата против организираниот криминал и корупција” кој се спроведува во рамки на ИПА II 2014 од грантовата шема “STRENGTHENING THE IMPACT OF THE CIVIL SOCIETY IN EFFECTIVE JUSTICE SECTOR REFORMS”, финансиран од Делегацијата на ЕУ, спроведуван од Секторот за централно финансирање и склучување договори при Министерството за финансии, го објавува следниот:

Јавен оглас за привремен ангажман на 1 (еден) набљудувач на кривични судски постапки од областа на организиран криминал и корупција.

Ангажманот е предвидено да трае од 16.11.2020 до 06.05.2021 година и за истиот е предвиден финансиски надомест.

На огласот можат да аплицираат кандидати со завршен втор циклус на студии на Правен факултет преку испраќање на CV во word или pdf формат на следната меил адреса: hr@all4fairtrials.org.mk, најдоцна до 06.11.2020 година (петок) 17:00 часот. Насловот на меилот треба да гласи „За набљудувач на кривични судски постапки поврзани со организиран криминал и корупција“.

Апликациите кои нема да го запазат овој формат и дадениот рок, ќе бидат дисквалификувани.

За предност (но не и услов) ќе се смета практично и теоретско искуство од областа на кривичното право, вклученост во академски активности и/ или истражувања, работа со невладини организации, како и поседување на положен правосуден испит.

Коалицијата го задржува правото да ги повика најуспешните кандидати на тестирање и/или интервју пред да биде направена финалната селекција. Селектираниот кандидат, пред почетокот на набљудувањето, ќе присуствува на еднодневна обука за Законот за кривичната постапка, како и за целите и методологијата на истражувањето.

Top