Коалицијата на здруженија на граѓани „Сите за правично судење“ во соработка и со финансиска поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје го објавува следниот оглас за привремен ангажман на набљудувачи на кривични судски постапки во следниве градови:
- Скопје
- Куманово
- Тетово
- Велес
- Битола
- Прилеп
- Охрид
- Штип
- Струмица
Ангажманот на набљудувачите е предвидено да трае од 20.03.2018 до 31.10.2018 година и за истиот е предвиден финансиски надомест.
На огласот можат да аплицираат кандидати со завршен прв циклус на студии на правен факултет (најмалку 180 ЕКТС) преку испраќање на CV на следната мејл адреса: obse@all4fairtrials.org.mk, најдоцна до 11.03.2018 година (недела) 23:59 часот. За предност (но не и услов) ќе се смета поседување на магистратура по кривично право, како и положен правосуден испит.
Коалицијата го задржува правото да ги повика најуспешните кандидати на тестирање и/или интервју пред да биде направена финалната селекција. Селектираните кандидати, пред почетокот на набљудувањето, ќе присуствуваат на еднодневна напредна обука за Законот за кривичната постапка, како и за целите и методологијата на истражувањето.