[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Event / Оглас за привремен ангажман на анонизмизирачи на судски одлуки

Оглас за привремен ангажман на анонизмизирачи на судски одлуки

Jan
26

Коалиција „Сите за правично судење“ во партнерство со Мисијата на ОБСЕ во Скопје објавува оглас за привремен ангажман на 3 лица за анонимизирање на судски одлуки во Основниот кривичен суд Скопје.

Оглас за привремен ангажман на 3 лица за анонимизирање на судски одлуки

Критериуми:

  • Завршено високо образование – најмалку 300 ЕКТС (дипломирани правници по стара програма, или магистри по правни науки по нова програма)
  • Одлично познавање на Microsoft Word
  • Способност за јасно и прецизно усно и писмено изразување
  • Солидни познавања на Законот за кривичната постапка, Кривичниот законик

На огласот можат да аплицираат кандидати преку испраќање на CV во word или pdf формат на следната мејл адреса: hr@all4fairtrials.org.mk, најдоцна до 08.02.2021 година. Насловот на мејлот треба да гласи „За анонимизирачи на судски одлуки“.

Aнгажманот на набљудувачите е предвидено да трае 10 месеци почнуваќи од 15.02.2021 година до 15.12.2021 година. Работното време ќе трае 4 часа.

За ангажманот предвиден е финансиски надоместок.

Апликациите кои нема да бидат доставени согласно предвидениот формат и во дадениот рок, нема да бидат земени во разгледување.

Коалицијата го задржува правото да ги повика најуспешните кандидати на тестирање и/или интервју пред да биде направена финалната селекција.

Top