[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Event / Оглас за привремен ангажман на анкетари во општините Карпош, Аеродром и Шуто Оризари

Оглас за привремен ангажман на анкетари во општините Карпош, Аеродром и Шуто Оризари

Aug
26

Коалицијата „Сите за правично судење“ во рамки на проектот „ Зајакнување на капацитетите на локалната самоуправа за управување со човечки ресурси“ доделен преку Институт за европска политика – Скопје (ЕПИ), со финансиска поддршка од Европска Унија, објавува

Јавен оглас за привремен ангажман на анкетари во општините Карпош, Аеродром и Шуто Оризари

 

 Кандидатите/ките за оваа позиција треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Завршено минимум средно образование
  • Познавање и работење во Microsoft Word, како и користење на интернет алатки
  • Да се придржува до принципите на објективност, непристрасност и доверливост

Времетраење на ангажманот ќе биде од септември до декември 2021 година. За секоја извршена анкета следува соодветен надомест.

 

Рок и потребни документи за аплицирање:

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку испраќање на CV во word или pdf формат на македонски јазик.

Рокот за пријавување е до 09.09.2021 година на следната е-маил адреса: hr@all4fairtrials.org.mk со назнака “За анкетар“ и наведување на општината за која се пријавува.

 

Апликациите кои нема да го запазат овој формат и дадениот рок, ќе бидат дисквалификувани.

Top