[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Archive by category "Правен Блог"

Правен Блог

Пристап до правда на лицата баратели на азил

Автор: Лејла Тутиќ, „Постапката за азил во РМ може да биде иницирана на два начина - преку регистрирање на намера за барање за азил или директно преку поднесување на барање за азил. Според ЗМПЗ, странец на граничен премин или на територија на РМ може усно или писмено да искаже намера за поднесување на барање за признавање на правото на азил пред полициски службеник на МВР. Полицискиот службеник ќе го регистрира странецот кој ја искажал намерата за барање на азил и ќе му издаде копија на ст...
Повеќе

Дали остварувањето на правдата и праведноста во кривичната постапка директно зависи од финансиската и имотната положба на обвинетиот/обвинетите во судскиот процес

Автор: Александар Софронијоски, „Како придобивка од акузаторниот модел кој се внесе со ЗКП, е потребата на одбраната континуирано да ја гради својата теза и будно да го следи целиот процес. Ваквиот модел сам по себе воведе нови принципи, како што се: значително зајакнатата улога на јавниот обвинител во претходната постапка, напуштањето на истражниот судија, зајакнување на правата на двете странки во постапката и го зајакна принципот на „еднаквоста на оружјата“ преку пасивизација на судот, ...
Повеќе

Пристап до правда во време на пандемија

Автор: Горјан Ѓоргиев, „Овој Протокол иако опфаќа ефикасни мерки за заштита, сепак една од мерките, односно правото на судијата да ја ограничат или отстранат јавноста директно задира во основните човекови права, односно во правото на правично и фер судење. Така, согласно Уставот на РСМ, Европската конвенција за човековите права на Советот на Европа, Меѓународниот пакт за граѓански и политички права на Обединетите нации, како и домашните процесни закони, судењата во судовите во Р. Северна М...
Повеќе

Преглед на регулацијата на „pro bono“ застапувањето во Република Северна Македонија, Република Србија и Република Хрватска

Автор: Василчо Илијев, „Адвокатите како даночни обврзници во нашиот правен систем за секоја услуга, која ќе ја дадат на странка, мораат да издадат фактура или фискална сметка и не се опфатени со даночни ослободувања при давање pro bono услуги, ниту при плаќање на данокот на додадена вредност ниту кај персоналниот данок на доход. Ваква обврска предвидува и хрватското законодавство како и српската даночна регулатива. За жал, даночната регулатива на Република Северна Македонија, Република Срб...
Повеќе

Полесен пристап до правда на граѓаните преку правото на бесплатна правна помош

Автор: Радица Василкова, „Во Законот за бесплатна правна помош (во понатамошниот текст: ЗБПП) се прави разлика помеѓу примарна и секундарна правна помош. Примарна правна помош е вид на бесплатна правна помош која се обезбедува од Министерството за правда, овластено здружение и правната клиника додека пак секундарната правна помош се обезбедува од страна на адвокат кој е запишан во Регистар на адвокати за секундарна правна помош.1 За разлика од примарната правна помош која се дава на секое ...
Повеќе

Функционалноста на подрачните одделенија на Mинистерството за правда во поглед на остварување на правото на бесплатна правна помош

Автор: Ангела Ристевска, „Првиот Закон за бесплатна правна помош (ЗБПП) во нашата држава беше донесен во декември 2009 година, а почна да се применува шест месеци подоцна, во јули 2010 година. Во периодот на имплементација на овој закон, некои од забелешките и препораките беа насочени кон подрачните одделенија на Министерството за правда во контекст на кадровска и техничка опременост, недоволната ангажираност на подрачните одделенија за промовирање на правото на бесплатна правна помош, как...
Повеќе

Уживање на права од работен однос за време на пандемија

Автор: Едина Зекировиќ Фазлагиќи, „Специфична позиција за време на пандемијата заземаа и бремените жени кои со одлука на Владата од 10 ти март 2020 година се ослободени од работни обврски (освен онаму каде работниот процес може да се организира од дома). И покрај тоа што Законот за работни односи (ЗРО) е јасен во пропишаната забрана за отказ поради бременост, раѓање и родителство, бремените жени, како другите работници се соочија со губење на работните места. Мерките на Владата дополнителн...
Повеќе

Компаративна анализа на судската практика на граѓанските судови на Р.С.Македонија кои постапуваат по тужбите за утврдување на постоење на (појако) право на утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти

Автор: Тамара Славеска Апостоловски, „И покрај тоа што навидум е неспорен правниот интерес на барателите, сега веќе тужителите, за иницирање на парнични постапки пред граѓанските судови како надлежни да постапуваат по тужбени барања за утврдување на (појако) право на утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, сепак судската практика на граѓанските судови не е усогласена по однос на ова процесно прашање, од кое не само што зависи правната сигурност, туку и правниот пристап ...
Повеќе

Правото на судење во разумен рок во спорови од работен однос низ праксата на Европскиот суд за човекови права

Автор: Симона Јовчевска, „Правото на судење во разумен рок е основно процесно човеково право загарантирано со Европската конвенција за човекови права. Според конвенцијата, секој има право на разгледување и утврдување на неговите права и обврски од граѓанско правна природа од страна на со закон воспоставен, независен и непристрасен суд, кој треба јавно и во разумен рок да го испита неговиот случај. Ова начело изречно е прокламирано и во нашиот Закон за парничната постапка. Тука законодавецо...
Повеќе

Пристапот до правдата на лицата со попречености

Автор: Горан Сачевски, „Генералниот заклучок од кратката анализа е дека лицата со попречености во Струмица се соочуваат со ограничувања при остварувањето на своите права и пристапот до Основен суд Струмица или услугите од адвокат, извршител или нотар. Поради ова, неопходно е сите овие чинители да направат напори за да овозможат ефективна пристапност до правда за сите граѓани без диксриминација и целосна примена на стандардите за фер и правично судење.“ Целиот текст можете да го преземет...
Повеќе
Top