[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Archive by category "Posts" (Page 3)

Posts

Уставниот суд, преку злоупотреба на институтот „правна сигурност“, се обидува да ги спаси од кривичен прогон обвинетите и осомничените за злоупотреби

      На седницата одржана на 27.11.2019 година, Уставниот суд на Република Северна Македонија расправаше по поднесената иницијатива за оценка на уставноста на членот 11-а од Законот за дополнување на Законот за помилување[1], и одлучи да поведе постапка за оценка на уставноста за оспорениот член. Во членот 11-а од Законот, се пропишува дека Претседателот на Републиката може во рок од 30 дена од денот на донесувањето на овој закон да го поништи помилувањето дадено без ...
Повеќе

Недемократско ограничување на правото на протест

                                                                                        Блупринт групата за правосудство остро реагира на предложените измени и дополнувања на Законот за јавните собири, кои денес беа повлечени од страна Владата на Република Северна Македонија. Измените и дополнувањата на законот беа најавени со цел нивно усогласување со новиот Закон за прекршоци во однос на предвидените глоби, меѓутоа финалниот текст на предлогот воедно предвидува скандалозни огр...
Повеќе

Отсуството на соодветна реакција од страна на институциите може во голема мера да го осуети предметот кога истиот би се нашол пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур

Коалиција „Сите за правично судење“ изразува загриженост и повикува на претпазливо постапување од страна на судовите во поглед на определувањето на мерката притвор, со цел да се избегнат било какви сомнежи за злоупотреба на притворот како вид на прикриена казна и нарушување на пресумпцијата на невиност на обвинетите лица. Притворот е најтешката мерка предвидена во Законот за кривичната постапка (ЗКП) која се изрекува со цел да се обезбеди непречен тек на кривичната постапка, како и да се отстран...
Повеќе

Блупринт група: СЈО како институтција треба да продолжи со работа

Прес конференција од проектот „За правда – Следење на спроведувањето на Стратегијата за реформи во правосудството  2019 – 2020“, 12 септември 2019, 11 часот, Јавна соба-Скопје   Блупринт групата за реформи во правосудството денеска одржа прес конференција посветена на актуелните случувања во областа на правосудството. Блупринт групата ги изнесе своите ставови во однос на Законот за јавното обвинителство и статусот на Специјалното јавно обвинителство, со тоа што потенцираше дека...
Повеќе

Соопштение за медиуми: Предложените амандмани би ја нарушиле интеграцијата и автономното постапување на СЈО

Коментари на Блупринт група за предлог ЗЈО: По вчерашната консултативна средба на работната група за Законот за јавно обвинителство, Блупринт групата го потврдува својот категоричен став дека СЈО како институција мора да продолжи да функционира и да го задржи степенот на автономија при постапувањето, а притоа да биде соодветно интегрирано во рамките на Јавното обвинителство на РСМ. На таа линија се и нашите коментари на предложените амандмани на Законот за јавно обвинителство, кои ги доста...
Повеќе

Граѓанските организации реагираат на скандалозната изјава на претседателот на владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев

Ние долупотпишаните граѓански организации, остро ја осудуваме скандалозната, недолична, хомофобна изјава на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, но и изјавата со која се врши дискредитација на новинари кои критички ја опсервираат работата на власта. Овој вид на јавен говор од носител на највисоката јавна функција, недвосмислено дава легитимитет и го охрабрува говорот и делата од омраза кон сите оние кои се со различна сексуална ориентација и ја загроз...
Повеќе

Блупринт групата достави конкретни решенија за предлог законот за јавно обвинителство

Реформите во правосудството се означени како една од клучните точки од интерес за Република Северна Македонија во процесот на преговори со ЕУ, но пред сè во приближувањето на земјата до европските стандарди и вредности. Во таа насока, БЛУПРИНТ групата за реформи во правосудството, како неформална мрежа на истакнати граѓански организации, кои со години наназад се залагаат за почитување на принципот на владеење на правото, на состанок со министерката за правда, одржан минатата недел...
Повеќе

Пародија на правдата – 18 турски адвокати осудени на долги затворски казни

Коалицијата Сите за правично судење како организација членка на ELDH, интегрално го пренесува известувањето од Европската асоцијација на правници/адвокати за демократија и човекови права, во врска со изречените пресуди против адвокати членови на Асоцијацијата за прогресивни правници/адвокати. На следниот линк оригиналната објава. Европски правници: Пародија на правдата – 18 турски адвокати осудени на долги затворски казни 159 години, 1 месец, вкупно 30 дена На 20.03.2019 година, 37 (...
Повеќе

Транспарентност и корупција – Теофил Блажевски

  Оваа истражувачка сторија е подготвена од новинарот Теофил Блажевски, како дел од грантот на Проектот на УСАИД за граѓанско учество за „Јакнење на платформата за граѓански организации за борба против корупција". Ставовите изразени во сторијата му припаѓаат на авторот и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на САД.  Нетранспарентноста и корупцијата во судството се како „брат и сестра“ Сомневањето на поврзаноста на транспаретноста на судските постапки со корупцијата е недис...
Повеќе

Mеморандум за соработка со Колегиумот на мастер студии по казнено право при Правниот факултет Јустинијан Први

На ден 20.03.2018 година Коалиција на здруженија на граѓани “Сите за правично судење“ Скопје потпиша меморандум за соработка со Колегиумот на мастер студии по казнено право при Правниот факултет Јустинијан Први, Универзитет Св.Кирил и Методиј, Скопје Соработката се однесува на спроведување на пилот-проект, во рамки на кој ќе биде спроведен судски мониторинг на кривични предмети во Основниот суд Скопје 1 во Скопје во склоп на применетата програма на кривично правни студии, во која студентите с...
Повеќе
Top