Автор:
Емилија Спасовска,
„Правниот систем на нашата држава има обезбедено различни механизми кои граѓаните ги имаат на располагање за заштита на нивните права во текот на водењето на судските постапки. Воедно, овие механизми можат да послужат и за да се воспостави и контрола врз работата на судиите поединечно, како и на судскиот систем во целина. Како значаен дел од овие механизми се претставките и барањата за утврдување на одговорност кои се поднесуваат од страна на граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите и истите муовозможуваат на Судскиот совет да се запознае подобро со потешкотиите со кои се соочуваат граѓаните при реализација на нивните права пред суд, а со тоа и се овозможува да се подобри перформансот на судовите…“