
Натали Петровска е извршна директорка на Коалицијата од 2017 год. Работи како адвокатка од 2008 год., а нејзиното повеќегодишно професионално искуство се состои од обезбедувањето бесплатна правна помош и советување, толкување на закони и подзаконски акти, застапување пред надлежни судови и државни органи, како и пред Европскиот суд за човекови права, а воедно и активно учество во повеќе работни групи за измена и подготовка на закони и стратегии од областа на правосудството. Нејзината специјалност е кривичното право, а истата е и авторка на повеќе трудови и анализи од кривично правната област, со посебен осврт на примена на кривичната постапка во домашните судови како и начелото на фер и правично судење.
email: npetrovska@all4fairtrials.org.mk

Даниел Митковски е Финансиски и административен менаџер во Коалицијата од 2006 година па се до денес. Неговото 15-годишно професионално искуство во невладиниот сектор во областите на финансиски менаџмент, администрација, дизајн, менаџмент на интернет мрежи и бази на податоци придонесува за развој и унапредување на организацијата во овие области. Неговите клучни одговорности вклучуваат планирање и менаџирање буџети, спроведување на процедури за рботни односи и административни задачи како спроведување набавки како и обезбедување консалтинг во областа на бази со податоци.
email: dmitkovski@all4fairtrials.org.mk

Дарко Аврамовски е член на Националната канцеларија на Коалицијата „Сите за правично судење“ од февруари 2016г. како проектен асистент. Покрај залагањата за правично судење, работи и на едукација на млади луѓе (средношколци и студенти) најпрвин како тренер по дебатни вештини, а подоцна како предавач по “Street Law” програмата, наменета за запознавање на младите со основите на државата и правото, правната култура, граѓански и човекови права и обврски и нивна заштита. Во текот на своето додипломско образование, како стипендист на CMEPIUS поминува две години студиски престој на Правниот факултет при Универзитетот во Љубљана, а по дипломирањето се запишува на постдипломски студии од областа на казненото материјално право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.
email: davramovski@all4fairtrials.org.mk

email: ipetkovska@all4fairtrials.org.mk

email: ltutic@all4fairtrials.org.mk
.