Автор:
Александар Софронијоски,
„Како придобивка од акузаторниот модел кој се внесе со ЗКП, е потребата на одбраната континуирано да ја гради својата теза и будно да го следи целиот процес. Ваквиот модел сам по себе воведе нови принципи, како што се: значително зајакнатата улога на јавниот обвинител во претходната постапка, напуштањето на истражниот судија, зајакнување на правата на двете странки во постапката и го зајакна принципот на „еднаквоста на оружјата“ преку пасивизација на судот, истакнувајќи ја неговата неутрална положба во постапката. Активната улога на странките во постапката може да се забележи и преку принципите на усност, јавност и непосредност на кои се темели ЗКП.“