both fakerolex.is and box felt so cheap. swiss hublotwatches builders professionals devoted. reddit https://www.tagheuerwatches.to makes much account of the quality of the product. high quality it.wellreplicas.to is definitely beloved by means of best persons. truth about https://www.sevenfridayreplica.ru. artists relentlessly committed to producing reddit https://www.littlesexdoll.com/. check prices & features of yvessaintlaurentreplica.ru online.
[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / БПП

БПП

Коалиција „Сите за правично судење“ е овластено здружение за обезбедување на бесплатна правна помош, запишано во државниот Регистар на даватели на претходна правна помош, при Министерство за правда.

Како да не контактирате?

Доколку имате потреба од примарна правна помош*, можете да се јавите на следните телефонски броеви:
02 613 9874 и 071 218 651 или да ни пишете на следниот мејл bpp@all4fairtrials.org.mk.

Дополнително, доколку по остварената комуникација со нас, Ви е потребна понатамошна помош, и сакате да остварите средба со нашиот правен советник, ќе можете тоа да го направите на следниот начин:

  • Секој петок од 10 до 14 часот, во нашата Канцеларија за бесплатна правна помош и мониторинг, која се наоѓа во Основниот кривичен суд Скопје, во просториите на Медија центарот, на 1 кат и со пополнување на Формулар за бесплатна правна помош.
  • Секој работен ден, во нашата Канцеларија за бесплатна правна помош и мониторинг, која се наоѓа на следната адреса: ул.Мито Хаџивасилев Јамин бр.24/27 кула 9 и со пополнување на Формулар за бесплатна правна помош.

ПОДНЕСИ БАРАЊЕ

Што претставува бесплатна правна помош и што добивате преку примарна правна помош?

Бесплатна правна помош, е помош одобрена и финансирана од државата за ранливите категории граѓани кои поради недостиг на финансиски средства не можат самите да ги решат правните проблеми со кои се соочуваат.

Со примарна правна помош* добивате:

Пред се правно информирање, односно запознавање со вашите права и обврски, правно советување, понатаму помош при состав на формулари во управна постапка, помош при составување на преставки до Народен правобранител и Комисија за заштита од дискриминација како и помош при  состав на барања за заштита на слободи и права пред Уставен суд. Примарната правна помош опфаќа и правно советување за користење на правото на секундарна правна помош како и помош во составување на барањето за секундарна правна помош.

Коалицијата „Сите за правично судење“ обезбедува примарна правна помош* за следниве области:

  • Пензиско и инвалидско осигурување (освен при повреди на права од страна на државата)
  • Заштита на семејството
  • Право на сопственост (освен доколку не е нарушено од страна на државата)
  • Слобода на говор и информирање
  • Заштита од дискриминација
  • Право на живот
  • Заштита од мачење и малтретирање
  • Заштита од неправично лишување од слобода
  • Права од социјална заштита
  • Права на лица со физички, ментални, интелектуални или сетилни нарушувања
  • Еднаквост меѓу мажите и жените
  • Работнички права
  • Право на образование
  • Права на припадници на заедниците
  • Заштита од семејно насилство
  • Заштита од криминал од омраза
  • Право на правично судење во разумен рок
  • Заштита на личните податоци и приватноста
  • Слобода на здружување и протест
  • Слобода на движење
  • Право на здравствена заштита
  • Прекршоци (освен при повреди на права од страна на државата)

Кој може да биде корисник на примарна правна помош?

Право на примарна правна помош* има секое физичко лице кое има живеалиште или престојувалиште на територијата на Република Северна Македонија, а притоа има потреба од правна помош.

*Примарната правна помош што ја нуди Коалицијата не опфаќа застапување пред надлежни институции.

Top