[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Portfolio / Зајакнување на владеењето на правото и човековите права во Северна Македонија II

Зајакнување на владеењето на правото и човековите права во Северна Македонија II

Коалиција „Сите за правично судење“ го спроведува проектот „Зајакнување на владеењето на правото и човековите права во Северна Македонија II“ во периодот април-декември 2022 година во партнерство со Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Реализацијата на проектот се базира на пружање поддршка на Основниот кривичен суд Скопје во процесот на анонимизација и објавување на судските одлуки како и следење на имплементацијата на меѓународните стандарди за фер и правично судење со употреба на дигитални алатки во 5 основни судови опремени од Мисијата на ОБСЕ во Скопје (Основен кривичен суд Скопје, Основен граѓански суд Скопје, Основен суд Штип, Основен суд Кавадарци и Основен суд Струмица).

Проектни активности:

  • Мониторинг на 250 рочишта за главна расправа од страна на 5 професионални судски набљудувачи.
  • Подготовка и објава на анализа со податоците произлезени од мониторингот на судските постапки
  • Промоција на анализата и податоците произлезени од мониторирањето
Top