[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Event / Отворен повик за правен експерт – аналитичар

Отворен повик за правен експерт – аналитичар

Aug
4

 

За потребите на Годишната програма за работа на Коалицијата „Сите за правично судење“ за 2022 година, објавен е отворен повик за прибирање на понуди за обезбедување на стручни услуги. Повикот опфаќа:

  • обработка и анализа на прибраните податоци од мониторингот на седниците на Судскиот совет на Р. Северна Македонија и Советот на јавните обвинители на Р. Северна Македонија
  • изготвување на финалната анализа на обработените податоци со понудена дијагностика на проблеми, добри практики и препораки за надминување и унапредување на детектираните состојби
  • промоција на документот со обработени и анализирани податоци на јавен настан

Активностите се имплементираат од страна на Коалиција на здруженија на граѓани „Сите за правично судење“, а истите се финансирани од Делегацијата на Европската Унија.

Вредност на набавката

Максималниот буџет кој е на располагање согласно предметот на набавката е 49.152 ден. без данок на додадена вредност (ДДВ). Проектите финансирани од ЕУ се ослободени од сите давачки, даноци и такси, вклучувајќи го и данокот на додадена вредност (ДДВ). Оттаму, единечните цени кои вклучуваат ДДВ нема да бидат прифатени. Набавувачот е должен на добавувачот да му ги достави Потврдата за регистрација на проект, како и Решението за регистрација на даночен обврзник.

Услови и начин на плаќање

Плаќањето ќе биде извршено по реализација на планираните активности.

Деливост на набавката

Набавката е неделива.

Критериуми

Изборот на најповолен добавувач ќе се прави според принципот „најдобар квалитет за понудена цена“. Во прилог на понудата треба да се достави и следната документација:

Понудата се доставува по електронски пат на следната е-пошта: ipetkovska@all4fairtrials.org.mk.
Краен рок на доставување на понудите е 28.08.2022 година до 23:59 часот.
Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се изработени според условите на повикот, нема да бидат земени предвид. Секој добавувач може да учествува само со една понуда.

Превземи го повикот.

Top