[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Event / ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ПРАВЕН ОФИЦЕР ЗА ПРУЖАЊЕ БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ПРАВЕН ОФИЦЕР ЗА ПРУЖАЊЕ БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Sep
30

Коалицијата „Сите за правично судење“ го објавува следниот отворен повик за ангажирање на правен офицер за пружање бесплатна правна помош.

Критериумите кои треба да ги исполнува кандидатот се:

  • Положен правосуден испит
  • Сензибилизираност за работа со маргинализирани групи
  • Познавање на Пристапот заснован на човекови права
  • Искуство со работење со основни човекови права, со посебен фокус на анти-дискриминација
  • Придржување до принципите на професионално работење, објективност и доверливост
  • Познавање на Microsoft Office и Office 365
  • Одлично познавање на говорен и пишан македонски јазик (предност ќе биде познавање на друг локално користен јазик (албански, ромски, турски))
  • Предност, но не и услов е претходно искуство со работа во граѓански сектор (НВО) или адвокатура

Работни задачи:

  • Пружање на примарна бесплатна правна помош на странки
  • Комуникација со адвокати кои пружаат секундарна бесплатна правна помош
  • Проценка на случаи за стратешко застапување
  • Подготовка, реализација и учество на состаноци со тимот на Коалицијата, локалното население, државни институции и партнерски организации во поглед на пружање на БПП
  • Спроведување на теренски посети на лица и институции/ организации
  • Тековно административно канцелариско работење поврзано со пружање на бесплатна правна помош

Ангажманот ќе трае до 30.07.2023 година со можност за продолжување, а работно време ќе изнесува 40 часа неделно (од понеделник до петок). Работните задачи ќе се извршуваат во Извршната канцеларија на Коалцијата во Скопје, со потреба за често патување низ државата.

Предвидениот месечен бруто надомест за позицијата правен офицер изнесува 52 656 денари.

Рок и потребни документи за аплицирање:

Заинтересираните кандидати за работната позиција потребно е да достават апликација составена од кратка биографија (CV) и мотивационо писмо на македонски јазик во word или pdf формат, пракачени на самиот e-mail. Рокот за пријавување е до 17.10.2022 (понеделник) до 12:00 часот на следната е-маил адреса: hr@all4fairtrials.org.mk со наслов: „За правен офицер“

Апликациите кои нема да бидат испратени во соодветниот формат во наведениот рок нема да бидат земени предвид.

По разгледување на доставените апликации кандидатите со највисока оцена ќе бидат повикани на кратко тестирање и интервју за кое ќе бидат навремено известени, по што на избраниот кандидат ќе му биде понудена работната позиција.

Top