[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Event / ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ПРОЕКТЕН КООРДИНАТОР

ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ПРОЕКТЕН КООРДИНАТОР

Sep
30

Коалицијата „Сите за правично судење“ го објавува следниот отворен повик за ангажирање на проектен координатор

Критериумите кои треба да ги исполнува кандидатот се:

  • Тековни или завршени постдипломски студии од областа на правото
  • Искуство со административно работење или имплементација на проектен циклус
  • Сензибилизираност за работа со маргинализирани групи
  • Познавање на Пристапот заснован на човекови права
  • Придржување до принципите на професионално работење, објективност и доверливост
  • Способност за работа во тим
  • Добри менаџерски способности
  • Познавање на Microsoft Office и Office 365
  • Одлично познавање на говорен и пишан македонски и англиски јазик (предност ќе биде познавање и на друг локално користен јазик (албански, ромски, турски))
  • Предност, но не и услов е претходно искуство со работа во граѓански сектор (НВО) или адвокатура

Работни задачи:

  • Спроведување и координација на проектни активности поврзани со пружање на бесплатна правна помошт на Роми и маргинализирани заедници во 18 општини
  • Подготовка, реализација и учество на состаноци со проектниот тим
  • Организирање на јавни настани и средби со локалното население во таргетираните општини
  • Подготовка на содржини за зголемување на видливоста на активностите кои произлегуваат од проектот
  • Комуникација со адвокати за пружање на секундарна бесплатна правна помош и стратешко застапување на случаи
  • Комуникација со проектни партнери, соработници и државни институции
  • Прибирање и обработка на податоци поврзани со пристапот до правда и системот на БПП
  • Подготовка на извештаи за организираните активности и својата работа
  • Други активности кои произлегуваат од реализацијата на проектот
  • Тековно канцелариско работење

Работниот однос ќе трае до 30.07.2023 година со можност за продолжување, а работно време ќе изнесува 40 часа неделно (од понеделник до петок). Работните задачи ќе се извршуваат во Извршната канцеларија на Коалцијата во Скопје, со потреба за често патување низ државата.

Предвидениот месечен бруто надомест за позицијата проектен координатор изнесува 52 656 денари.

Рок и потребни документи за аплицирање:

Заинтересираните кандидати за работната позиција потребно е да достават апликација составена од кратка биографија (CV) и мотивационо писмо на македонски јазик во word или pdf формат, пракачени на самиот e-mail. Рокот за пријавување е до 17.10.2022 (понеделник) до 12:00 часот на следната е-маил адреса: hr@all4fairtrials.org.mk со наслов: „За проектен координатор“

Апликациите кои нема да бидат испратени во соодветниот формат во наведениот рок нема да бидат земени предвид.

По разгледување на доставените апликации кандидатите со највисока оцена ќе бидат повикани на кратко тестирање и интервју за кое ќе бидат навремено известени, по што на избраниот кандидат ќе му биде понудена работната позиција.

Top