[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Event / Јавен оглас за привремен ангажман на судски набљудувачи

Јавен оглас за привремен ангажман на судски набљудувачи

May
13

Коалицијата „Сите за правично судење“ со финансиска поддршка на Европската Унија го спроведува годишниот циклус на мониторинг на судски постапки во Основните судови во Република Северна Македонија во 2022 година, за која цел го распишува овој оглас за избор на:

  1. Набљудувачи за системски мониторинг на граѓански и кривични судски постапки во рамки на Основен кривичен суд Скопје, Основен граѓански суд Скопје, и Основен суд Струмица.

Пријавените кандидати за оваа позиција треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Завршено високо образование – правен факултет со најмалку 180 ЕКТС
  • Познавање и работење во Microsoft Word
  • Солидни познавања на Законот за кривичната постапка, Законот за парничната постапка како и познавања на стандардите опфатени во Членот 6 од Европската конвенција за човекови права (право на правична судска постапка)
  • Флексибилност и способност за работа во динамична средина
  1. Набљудувачи за тематски мониторинг на кривични постапки од областа на организираниот криминал и корупцијата во рамки на специјализираното одделение за судење на предмети од областа на организиран криминал и корупција во рамки на Основниот кривичен суд Скопје

Пријавените кандидати за оваа позиција треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Завршено високо образование – втор циклус на студии на правен факултет со најмалку 240 ЕКТС
  • Познавање и работење во Microsoft Word
  • Одлични познавања на Законот за кривичната постапка, Кривичниот законик, Европската конвенција за човекови права и практиката на Европскиот суд за човекови права
  • Флексибилност и способност за работа во динамична средина
  • Солидни комуникациски способности и познавање на правната терминологија

За предност (но не и услов) ќе се смета претходно искуство во спроведување на мониторинг на судски постапки, практично искуство од областа на кривичното и граѓанското право, поседување на положен правосуден испит или магистратура по соодветната област, како и искуство во академски и друг вид на истражувања од областа на правото.

Ангажманот на набљудувачите е предвидено да трае од јуни до октомври, 2022 година.

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку испраќање на CV во word или pdf формат на македонски јазик, на следната е-маил адреса: hr@all4fairtrials.org.mk, најдоцна до 30.05.2022 година (понеделник), 23:59ч.

Во мејлот кандидатите треба да нагласат во кој град можат да го спроведуваат мониторингот.

Сите пријавени кандидати кои нема да го запазат рокот и форматот за аплицирање ќе бидат дисквалификувани.

По административната проверка, Коалицијата ќе изврши оцена на искуството на кандидатите, по што Кандидатите со највисока оцена ќе бидат повикани на тестирање и интервју пред да биде направена финалната селекција.

Избраните кандидати пред почеток на набљудувањето задолжително е да присуствуваат на еднодневна обука за примена на процесните закони, како и за целите и методологијата на процесот на набљудување на судски постапки.

Top