[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Event / Оглас за привремен ангажман на 5 набљудувачи во основните судови во Р.Северна Македонија

Оглас за привремен ангажман на 5 набљудувачи во основните судови во Р.Северна Македонија

Mar
31

 

Коалицијата „Сите за правично судење“ во партнерство и со финансиска поддршка на
Мисијата на ОБСЕ во Скопје го објавува следниот:

Оглас за привремен ангажман на 5 набљудувачи во основните судови во Р. Северна Македонија

Набљудувањето ќе се одвива во следните судови:

  1. Основен кривичен суд Скопје
  2. Основен граѓански суд Скопје
  3. Основен суд Штип
  4. Основен суд Струмица
  5. Основен суд Кавадарци

Кандидатите за оваа позиција треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Завршено високо образование – најмалку 240 ЕКТС (дипломирани правници по стара програма, или специјалисти по правни науки по нова програма)
  • Познавање и работење во Microsoft Word
  • Солидни познавања на Законот за кривичната постапка, Кривичниот законик, Законот за парничната постапка како и познавања на Европската конвенција за човекови права
  • Да се придржува до принципите на објективност, непристрасност и доверливост

Рок и потребни документи за аплицирање:

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку испраќање на CV во word или pdf формат на македонски јазик. Рокот за пријавување е до 25.04.2022 година на следната е-маил адреса: hr@all4fairtrials.org.mk со назнака „За набљудувач во основен суд (град за кој се аплицира). Aнгажманот на набљудувачите е предвидено да трае 7 месеци почнуваќи од 01.05.2022 година до 30.11.2022 година. За ангажманот предвиден е финансиски надоместок.

Апликациите кои нема да го запазат овој формат и дадениот рок, ќе бидат дисквалификувани.

За предност (но не и услов) ќе се смета практично и теоретско искуство од областа на кривичното право или граѓанското право, вклученост во академски активности и/ или истражувања, работа со невладини организации, како и поседување на положен правосуден испит.

Коалицијата го задржува правото да ги повика најуспешните кандидати на тестирање и/или интервју пред да биде направена финалната селекција. Селектираниот кандидат, пред почетокот на набљудувањето, ќе присуствува на еднодневна обука за судски мониторинг, како и за целите и методологијата на истражувањето.

Top