Коалицијата „Сите за правично судење“ со финансиска поддршка на Европската Унија во рамки на Годишната програма за работа на Коалицијата за 2023 година, објавува оглас за избор на:
Набљудувачи за мониторинг на судски постапки кои се водат пред основните судови во Штип, Кавадарци, Гостивар и Тетово
Пријавените кандидати за оваа позиција треба да ги исполнуваат следните услови:
- Завршено високо образование – правен факултет со најмалку 180 ЕКТС
- Познавање и работење во Microsoft Word
- Познавања на Законот за кривичната постапка, Законот за парничната постапка како и познавања на стандардите опфатени во Членот 6 од Европската конвенција за човекови права (право на правична судска постапка)
- Одлична способност за писмено и усно изразување
- Флексибилност и способност за работа во динамична средина
- Да се придржува до принципите на објективност, непристрасност и доверливост
За предност (но не и услов) ќе се смета и претходно искуство во спроведување на мониторинг на судски постапки, практично искуство од областа на кривичното и граѓанското право, поседување на положен правосуден испит или магистратура по соодветната област, како и искуство во академски и друг вид на истражувања од областа на правото. Ангажманот на набљудувачите е предвидено да трае од февруари до декември, 2023 година. За ангажманот предвиден е финансиски надоместок.
Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку испраќање на CV во word или pdf формат на македонски јазик, на следната е-маил адреса: hr@all4fairtrials.org.mk, најдоцна до 25.01.2023 година (среда), 12:00 ч. Насловот намејлот треба да содржи име и презиме на кандидатот и град каде кандидатот сака да го спроведува мониторингот. Сите пријавени кандидати кои нема да го запазат рокот и форматот за аплицирање ќе бидат дисквалификувани.
По административната проверка, Коалицијата ќе изврши оцена на искуството на кандидатите, по што кандидатите со највисока оцена ќе бидат повикани на тестирање и интервју пред да биде направена финалната селекција.
Избраните кандидати пред почеток на набљудувањето задолжително е да присуствуваат на еднодневна обука за примена на процесните закони, како и за целите и методологијата на процесот на набљудување на судските постапки.