[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Event / ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРАВЕН ЕКСПЕРТ – АНАЛИТИЧАР

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРАВЕН ЕКСПЕРТ – АНАЛИТИЧАР

Jun
28

                      

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРАВЕН ЕКСПЕРТ – АНАЛИТИЧАР

Коалицијата „Сите за правично судење“ го продолжува рокот на отворениот повик за ангажирање на правен експерт – аналитичар кој е во рамки на проектот „Мониторинг и подобрување на капацитетите на институциите во справување со организиран криминал и корупција“

Проектот се спроведува во рамки на ИПА II 2014, Грант шема “од грантовата шема „STRENGTHENING THE IMPACT OF THE CIVIL SOCIETY IN EFFECTIVE JUSTICE SECTOR REFORMS“ (EuropeAid/159467/ID/ACT/MK). Проектот е финансиран од Делегацијата на ЕУ, спроведуван од Секторот за централно финансирање и склучување договори, при Министерството за Финансии.

На огласот може да аплицира кандидат кој:

  • има завршено најмалку VIIa степен на студии во областа на правото. За предност ќе се смета стекнат повисок степен на образование;
  • има работно искуство од најмалку 7 години во научно истражувачка дејност од областа на правосудството,
  • да е автор на најмалку 3 анализи од областа на правосудството, специфично за постапување и пракса на судски органи, како и примена на процесни закони;
  • како предност ќе се смета учество во работни групи за изработка на закони од кривилно правната област

Опис за работното место

Вид на назначување: Правен експерт – аналитичар
Времетраење на договорот: 31.05.2021
Делокругот на работа за оваа позиција со вкупен број на експертски денови за целосниот ангажман:

  • Подготовка на 22 месечни брифови за набљудуваните судски процеси;
  • Обработка и анализа на прибраните податоци од мониторираните судски расправи, вкупно 800 прашалници за рочишта за главна расправа;
  • Учество во изготвувањето на финалната анализа;
  • Учество во најмалку 16 работни групи односно средби и состаноци со засегнати страни во претходна координација со проектниот тим;
  • Учество на 2 јавни настани;

Краен рок за аплицирање на работната позиција е 22.07.2019 (понеделник) 17:00 часот.
Детални информации за огласот како и начинот за аплицирање се наоѓа на следниот линк.

Објавено на 17.07.2019, Скопје

Top