[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Event / Оглас за привремен ангажман на 3 лица за анонимизирање на судски одлуки во Основниот кривичен суд во Скопје

Оглас за привремен ангажман на 3 лица за анонимизирање на судски одлуки во Основниот кривичен суд во Скопје

Mar
31

 

Коалицијата „Сите за правично судење“ во партнерство и со финансиска поддршка на
Мисијата на ОБСЕ во Скопје го објавува следниот:

Оглас за привремен ангажман на 3 лица за анонимизирање на судски одлуки во Основниот кривичен суд во Скопје

Кандидатите за оваа позиција треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Завршено високо образование – најмалку 300 ЕКТС (дипломирани правници по стара програма, или магистри по правни науки по нова програма)
  • Одлично познавање на Microsoft Word
  • Способност за јасно и прецизно усно и писмено изразување
  • Солидни познавања на Законот за кривичната постапка и Кривичниот законик

Рок и потребни документи за аплицирање:

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку испраќање на CV во word или pdf формат на македонски јазик. Рокот за пријавување е до 25.04.2022 година на следната е-маил адреса: hr@all4fairtrials.org.mk со назнака „За анонимизирачи на судски одлуки“. Aнгажманот на анонимизирачите е предвидено да трае 7 месеци почнуваќи од 01.05.2022 година до 30.11.2022 година. Работното време ќе трае 4 часа. За ангажманот предвиден е финансиски надоместок.

Апликациите кои нема да го запазат овој формат и дадениот рок, ќе бидат дисквалификувани.

За предност (но не и услов) ќе се смета практично и теоретско искуство од областа на кривичното право  право, вклученост во академски активности и/ или истражувања, работа со невладини организации, како и поседување на положен правосуден испит.

Коалицијата го задржува правото да ги повика најуспешните кандидати на интервју пред да биде направена финалната селекција. Селектираниот кандидат, пред почетокот на ангажманот, ќе присуствува на еднодневна обука за анонимизирање на судски одлкуки, како и за целите и методологијата на проектот.

Top