[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Portfolio / Набљудување на судски предмети од областа на организираниот криминал и корупција според новиот Закон за кривичната постапка(2015)

Набљудување на судски предмети од областа на организираниот криминал и корупција според новиот Закон за кривичната постапка(2015)

Период на имплементација: февруари 2015 – декември 2015

Коалицијата „Сите за правично судење“ започна со имплементација на проектот “Набљудување на судски предмети од областа на организираниот криминал и корупција според новиот Закон за кривичната постапка” во времетраење од февруари 2015 до декември 2015, со финансиска поддршка од У.С. Стејт Департментот – Државното Биро за Меѓународни Наркотици и Одделението за Внатрешни Работи.

Преку мониторирање на судски постапки од страна на искусни стручни набљудувачи, ќе овозможиме статистички податоци за начинот на имплементација на новиот Закон за кривичната постапка (ЗКП) во различни кривични постапки кои ќе преставуваат основа за подготовка на финалниот извештај за мониторингот на судските постапки. Финалниот извештај за мониторингот на судските постапки ќе содржи наоѓања и препораки кои ќе понудат решенија за решавање на воочените слабости а кои се однесуваат на имплементацијата на новиот ЗКП. Извештајот исто така ќе се фокусира на ефикасноста на одговорните лица и институции во борбата против корупцијата и на почитувањето на човековите права и слободи како што е и гарантирано со Уставот и законите. Согласно на искуството на Коалицијата, извештаите кои се резултат на директно истражување се користат како сериозен алат од страна на стручната јавност (судии и јавни обвинители). Препораките кои произлегуваат од извештаите може да доведат до измени во ЗКП во иднина.

Основни цели:

Целта на проектот е да се зајакне независноста, ефикасноста и непристрасноста на македонското судство во борбата против корупцијата и организираниот криминал и да се придонесе кон соодветна имплементација на кривично – правните реформи со главен фокус на новиот ЗКП.

Главни цели на проекот се:

  • Да се оцени судската ефикасност преку следење на имплементацијата на новиот ЗКП
  • Воспоставување на систем за рано известување за недостатоци во примената на новиот ЗКП
  • Да се процени кривично – правниот одговор на борбата против корупцијата и организираниот криминал
  • Да се процени степенот на почитување на стандардите за фер судење
  • Да се зголеми знаењето на стручната јавност во областа на корупцијата и организираниот криминал, особено за новините предвидени со новиот ЗКП
  • Да се зголеми довербата на граѓаните во судството и судскиот систем.

Проектни активности:

  • Да се спроведе мониторирање на судски предмети од вкупно 480 часа во тематските предмети во врска со кривичните дела од корупција и организиран криминал
  • Да се изготвуваат квартални извештаи во врска со случаите и нивната усогласеност со новиот Закон за кривична постапка и со меѓународно прифатените стандарди за фер судење
  • Да се подготви и објави конечн пишан извештај за мониторингот на судските постапки (достапен во 200 примероци на македонски , англиски и албански јазик)
  • Да се организира една тркалезна маса со релевантните судски официјални претставници , кои работат во областа на корупцијата и организираниот криминал (судии, обвинители , адвокати и службениците во Министерството за внатрешни работи) и да се презентираат заклучоците и препораките од извештајот.

Контакт:

Александра Богдановска – Проектен координатор
e-mail: abogdanovska@all4fairtrials.org.mk
тел: +389 2 613 9874

Донатори:

Амбасада на САД во Република Македонија

Logo_USENBASSY

Top