[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Portfolio / Мониторинг на судски случаи од областа на организиран криминал и корупција(2014-2015)

Мониторинг на судски случаи од областа на организиран криминал и корупција(2014-2015)

Период на имплементација: октомври 2014 – март 2015

Основни цели:

Коалицијата “Сите за правично судење” со гордост го најавува почетокот на имплементација на новиот проект “Мониторинг на судски случаи од областа на организиран криминал и корупција”. Проектот е дел од проектот “Акциска Мрежа за Добро Владеење”, финансиран од страна на Европската Комисија преку Програмата IPA Civil society facility (CSF), а имплементиран од страна на Фондација Метаморфозис, во соработка со Реактор и Македонски центар за Европско Образование. Имплементацијата на проектот ќе трае пет месеци, почнувајќи од месец октомври 2014 до март 2015 година.

Главни цели на проекот се:

  • Зајакнување на независноста, ефикасноста и правичноста на судството во борбата против организираниот криминал и корупција;
  • Утврдување на односот на предмети поведени пред Државна комисија за спречување на корупција, спрема предметите кои имаат судска разрешница во кривична или прекршочна постапка;
  • Евалуација на судската ефикасност преку мониторинг на имплементацијата на законските измени од минатиот период;
  • Анализа на кривично правниот одговор во борбата против организираниот криминал и корупцијата и
  • Проценка на нивото на почитување на стандардите на правично судење.

Проектни активности:

  • Да се спроведе мониторинг на избран примерок на 40 судски предмети од областа на организиран криминал и корупција;
    Подготовка и публикација на аналитички извештај;
  • Континуирана ПР кампања за реализираните активности во тек на имплементација на проектот (Соопштенија за медиуми, Интернет страна на Коалицијата, Facebook профил на Коалицијата, билтен);
  • Организирање на прес конференција, на која што ќе се презентираат резултатите од проектоти и
  • Информирање на јавноста преку истакнување на извештајот на Интернет страница на Коалицијата

Контакт:

Фросина Дониновска – Проектен координатор
e-mail: fdoninovska@all4fairtrials.org.mk
тел: +389 2 613 9874

Донатори:

фондација Метаморфозис
Европска Унијa

Logo_META  Logo_EU

 

Top