[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Portfolio / Следење на предмети од областа на организиран криминал и корупција (2012-2013)

Следење на предмети од областа на организиран криминал и корупција (2012-2013)

Период на имплементација: септември 2012 – август 2013 година

Основни цели:

Во рамки на реализација на проектот „Следење на предмети од областа на организиран криминал и корупција“ ќе се набљудуваат определен број предмети кои се водат пред Основен суд Скопје I Скопје во Одделението за организиран криминал и корупција. Преку директен мониторинг од страна на квалификувани и независни набљудувачи, ќе се добие квалитетен статистички показател за определени состојби во текот на процесните постапки, кои ќе бидат основа за подготовка на финалниот извештај. Во финалниот извештај ќе бидат извлечени заклучоци за ефикасноста на надлежните органи во борбата против корупцијата, но и за почитувањето на човековите слободи и права, гарантирани со Уставот и законот, пред судовите во кривичната постапка. Од досегашното искуство на Коалицијата, извештаите кои се плод на директно истражување и ја прикажуваат состојбата во која судовите работат, се земани секогаш сериозно од страна на стручната јавност (судии и јавни обвинители). Зависно од препораките кои ќе произлезат, може да се иницираат определени промени во самата кривична постапка во иднина. Дополнително, обвинетите лица ќе добијат уште една алатка во насока на информирање на јавноста за евентуална повреда на нивните права, како и зајакната можност за излагање на нивните тврдења. Јавноста ќе добие можност да ја види сублимирана состојбата во определен сегмент во судството – Одделението за борба со организиран криминал и корупција при Основен суд Скопје 1 Скопје, што ќе доведе до поголемо ниво на транспарентност на судовите.

Главни цели на проекот се:

  • да се зајакне независноста, ефикасноста и правичноста на судството во борбата против организираниот криминал и корупција, како и да се даде придонес во соодветната имплементација на судските реформи, согласно стратешките документи на Република Македонија за интегрирање во ЕУ;
  • да се евалуира судската ефикасност преку мониторинг на имплементацијата на законските измени од минатиот период;
  • да се анализира кривично правниот одговор во борбата против организираниот криминал и корупцијата;
  • да се процени нивото на почитување на стандардите на правично судење и
  • да се зголеми довербата на јавноста во судството и во судскиот систем.

Проектни активности:

  • да се спроведе мониторниг на избран примерок на 40 судски предмети од областа на организиран криминал и корупција;
  • да се подготви и публикува Аналитички извештај (достапен на македонски, албански и англиски јазик);
  • континуирана ПР кампања за реализираните активности за време на спроведувањето на проектот (соопштенија за медиуми, интернет страна на Коалицијата, facebook профил на Коалицијата, билтен и др.) и
  • да се организира прес конференција, каде ќе се информира јавноста за проектните резултати.

Контакт:

Гоце Ситникоски – Проектен координатор
e-mail: gsitnikoski@all4fairtrials.org.mk
тел: +389 2 613 9874

Донатори:

УСАИД
Фондација Отворено Општество Македонија

Logo_USAID  Logo_FIOOM

 

Top