[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Portfolio / Набљудување на судските предмети од областа на корупцијата во Република Македонија (2011-2012)

Набљудување на судските предмети од областа на корупцијата во Република Македонија (2011-2012)

Период на имплементација: февруари 2011 – февруари 2012

Основни цели на проектот

Проектот за следење на судски предмети од областа на корупцијата се спроведува низ судовите на Република Македонија. Неговата реализација се базира на набљудување на повеќе од 150 коруптивни предмети низ основните судови, врз основа на што се извлекуваат заклучоци за ефикасноста на надлежните органи во борбата против корупцијата, но и за почитувањето на човековите слободи и права, гарантирани со Уставот и законот, пред судовите во кривичната постапка.

Главни цели на проектот

  • Зајакнување на независноста, ефикасноста и непристрасноста на македонското судство во борбата против корупцијата и организираниот криминал и да се придонесе кон правилно спроведување на судските реформи како што е дефинирано во стратешките документи на земјата за интеграција во ЕУ;
  • Да се процени ефикасноста на судството, преку следење на спроведувањето на законските новини донесени во изминатите години;
  • Да се процени кривично правниот одговор на борбата против корупцијата и организираниот криминал;
  • Да се процени степенот на почитување на стандарди за правично судење;
  • Да се зголеми знаењето на стручната јавност во областа на корупцијата и организираниот криминал, особено за новините предвидени со новиот Закон за кривична постапка;
  • Да се зголеми довербата на граѓаните во судството и во правниот систем.

Проектни активности

  • Спроведување на судска мониторинг програма на 100 до 150 случаи поврзани со кривични дела на корупција и организиран криминал;
  • Подготовка и објавување на аналитички извештај (достапен во 500 примероци на македонски, албански и англиски јазик);
  • Организирање на 5 работилници со соодветните судски власти кои работат во областа на корупцијата и организираниот криминал (судии, обвинители, адвокати и официјални лица од Министерството за внатрешни работи );
  • Оганизирање прес-конференција со цел презентација на постигнатите резултати.

Контакт

Илија Адамчески – Проектен координатор

Донатори

Европска делегација во Република Македонија
Амбасада на Кралството Холандија во Република Македонија

Logo_HA

 

Top