[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Portfolio / Мониторинг на имплементација на меѓународни стандарди за правично судење во рамки на Основен суд Скопје I Скопје (2014-2015)

Мониторинг на имплементација на меѓународни стандарди за правично судење во рамки на Основен суд Скопје I Скопје (2014-2015)

Период на имплементација: ноември 2014 – април 2015 година

Коалицијата “Сите за правично судење”, во периодот од 1 ноември 2014 – 30 април 2015 го спроведува проектот: “Мониторинг на имплементација на меѓународни стандарди за правично судење во рамки на Основен суд Скопје I Скопје“. Проектот е дел од Мрежа 23, спроведуван од страна на Институтот за Европска политика – ЕПИ како носител на Проектот „Мрежа 23“ и партнерските организации Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија и Центарот за управување со промени. Проектот е финансиран од страна на Европската Унија.
Основната цел на проектот се однесува на зголемување на довербата на јавноста во правниот систем и судството, преку идентификување на проблемите во судскиот систем а истовремено и нагласување на потребата за правни и институционални реформи преку кои ќе се обезбеди поголемо почитување на стандардите за правично судење пред домашните судови како и запознавање на јавноста со стандардите за правично судење.

Основни цели

  • зголемување на довербата на јавноста во правниот систем и судството
  • идентификување на проблемите во судскиот систем
  • укажување на потребата за правни и институционални реформи
  • зголемување на почитувањето на стандардите за правично судење пред домашните судови
  • запознавање на јавноста со стандардите за правично судење

Проектни активности

  • Да се анализира работата на Основен суд Скопје I Скопје, а посебно во делот на имплементација на меѓународните стандарди за правично судење преку спроведување на мониторинг на избран примерок од 40 судски предмети со цел да се испита примената на меѓународните стандарди за правично судење во текот на судската постапка;
  • Подготовка и публикација на аналитички извештај кој што ќе даде еден компаративен преглед на домашната регулатива и законската регулатива на други земји и одредбите од меѓународните документи. Од резултатите и заклучоците ќе бидат дадени препораки за идни решенија кои би придонеле за доследна примена на меѓународните стандарди за правично судење;
  • Континуирана ПР кампања за реализираните активности во тек на имплементација на проектот (Соопштенија за медиуми, Интернет страна на Коалицијата, Facebook профил на Коалицијата, билтен и др);
  • Изработка на периодичен извештај произлезен врз основа на информациите собрани од прашалниците за периодот јули 2003 – јануари 2004 година, како и од податоците од месечните извештаи со локалните координатори и од извештаите од локалните правни експерти.
  • Препораки за идни решенија кои би придонеле за доследна примена на меѓународните стандарди за правично судење;
  • Организирање на прес конференција, на која што ќе се презентираат резултатите од проектот.

Контакт:

Фросина Дониновска – Проектен координатор

e-mail: fdoninovska@all4fairtrials.org.mk

тел: +389 2 613 9874

Донатори:

  • Институтот за Европска политика – ЕПИ
  • Европска Унија

Logo_EPI Logo_MREZA23 Logo_EU

Top