[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Portfolio / Зајакнување на независноста, транспарентноста и ефикасноста на судството, преку мониторирање на судски постапки

Зајакнување на независноста, транспарентноста и ефикасноста на судството, преку мониторирање на судски постапки

Временска рамка : 1 Мај, 2016 година – 31 Декември, 2016 година.

Коалицијата ,, Сите за правично судење,, поради сè уште актуелната потреба од мониторирање на предмети, го спроведува проектот ,,Зајакнување на независноста, транспарентноста и ефикасноста на судството преку мониторирање на судски постапки,, кој  е продолжение на мониторинг активностите од изминатата година. Акцентот е ставен на примената на новиот Закон за кривична постапка, воедно предвидено е да петнаесет стручни лица присуствуваат на 450 рочишта во основните судови, во сите четири апелациски региони на земјата, со цел за изготвување на финален извештај, кој ќе биде презентиран на пошироката стручна јавност и кој ќе содржи препораки за идни активности со цел јакнење на капацитетите на судството.

Активности:

  1. Петнаесет стручни лица ќе присуствуваат на 450 рочишта во основните судови, секое лице поединечно ќе исполни квота од по 30 рочишта, во сите четири апелациски региони на земјата.
  2. Анализа на податоците од мониторинг на постапки со акцент на имплементацијата на новиот Закон за кривична постапка
  3. Изготвување и презентација на Финален извештај од мониторингот

 Резултати од проектот:

  1. Поставување на цврста основа за евалуација на новиот Закон за кривична постапка
  2. Препораки за идни активности во поглед на имплементација на Законот за кривична постапка врз основа на податоците од мониторинг со цел поголема транспарентност и зајакнување на капацитетите

Основната цел на проектот, но и на самата анализа е да се зајакне независноста, ефикасноста и непристрасноста на македонското судство.

 Донатор: Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија

 Контактcontact@all4fairtrials.org.mk  

Logo_OSCE

Top