[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Portfolio / Јакнење на националните механизми за заштита на човековите права (2010-2011)

Јакнење на националните механизми за заштита на човековите права (2010-2011)

Период на имплементација: декември 2010 – декември 2011 година

Основни цели

Целта на Проектот е да придонесе кон зајакнување на националната инфраструктура за човекови права со производство прирачник што ќе ги подобри постојните механизми за заштита на човековите права преку понуда на нови развојни интервенции и активности.

Главната целна група на Прирачникот ќе бидат граѓанските организации, особено оние кои работат во областа на човековите права, иако и студентите и државните институции ќе имаат корист исто така.

Проектни активности

Со цел да се постигне предвидената цел, Коалиција Сите за правично судење ќе формира тим од двајца консултанти (експерти за човекови права), координиран од страна на координатор на проектот под директен надзор на програмскиот директор на Коалицијата. Предвидената временска рамка за ревизија на постоечкиот прирачник и подготовка на националниот е пет месеци, почнувајќи од јануари 2011 година.

Откако ќе биде подготвен, Прирачникот ќе биде преведен на албански и англиски јазик, со што истиот ќе биде достапен на три јазици: македонски, албански и англиски јазик.

По неговиот превод и печатење, Прирачникот ќе биде јавно промовиран и дистрибуиран во неколку градови во земјата: Скопје, Тетово, Гостивар, Штип, Струмица и Битола. Промоцијата ќе биде направена во соработка со канцеларијата на Народниот правобранител, на која претставник од канцеларијата ќе говори за вредностите и доблестите кои Прирачникот ги носи со себе за граѓанското општество во земјата за конструктивна, добро организирана и постојана инфраструктура за човекови права.

Свечено затворање на проектот ќе биде на 10 декември (Интернационален ден на човековите права), една година од неговото започнување, кога постигнатите резултати од спроведувањето на проектот ќе биде јавно претставени.

Контакт:

Николина Тенчева – Проектен координатор

Донатори

  • Амбасада на Кралството Холандија во Република Македонија

Logo_HA

Top