[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Portfolio / Улога на заедницата во замена на казната затвор (2006-2008)

Улога на заедницата во замена на казната затвор (2006-2008)

Период на имплементација: март 2006 – март 2008 година

Основни цели

  • Идентификување на проблемите за имплементација на алтернативните мерки на казнување
  • Воспоставување ефикасен систем за примена на алтернативните мерки на казнување во Република Македонија
  • Запознавање на претставници од јавните претпријатија, граѓански и хуманитарни организации, медиумите како и пошироката јавноста со целите, значењето и процесот на извршување на алтернативните мерки
  • Придонес кон практична имплементација на Законот за малолетничка правда од 2007 година и извршување на законски предвидените алтернативни мерки во заедницата


Проектни активности

Период: март 2006 – март 2007 година

  • Спроведување на интервјуа со претставници на органите инволвирани во практичната примена на алтернативните мерки
  • Подготовка и публикување на извештај за поценка на состојбата со алтернативните мерки во Република Македонија

Период: март 2007 – март 2008 година

  • Подготовка и публикување на брошура за основните податоци на алтернативните мерки во Република Македонија
  • Подготовка на концепт / насоки за имплементација на Законот за малолетничка правда од 2007 година
  • Организирање на стручна расправа со цел претставниците од надлежните институции поблиску да се запознаат со насоките за имплементација на Законот за малолетничка правда од 2007 година
  • Доставување на насоките за имплементација на Законот за малолетничка правда до Министерството за правда и до сите органи инволвирани во неговата практична имплементација
  • Идентификување на конкретни јавни служби, хуманитарни организации и други здруженија на граѓани кои ќе се вклучат во процесот на извршување на алтернативните мерки
  • Средби, едукација и информирање на идентификуваните јавни служби, хуманитарни организации и други здруженија на граѓани за нивната улога во процесот на извршување на алтернативните мерки
  • Организирање на две работилници/обуки на претставници од идентификуваните јавни служби, хуманитарни организации, други здруженија на граѓани и медиумите за целите, значењето и начинот на извршување на алтернативните мерки на казнување со посебен осврт на општокорисната работа заклучоци од Скопје,заклучоци од Кавадарци
  • Испитување на јавното мислење за алтернативните мерки во Република Македонија
  • Подготовка на извештај за мислењето на јавноста за алтернативните мерки врз основа на спроведеното анкетирање

 

Контакт:

Емилија Јорданова – Проект координатор

Донатори:

  • Институт за трајни заедници (ИТЗ)
  • Агенција на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД)

Logo_ISC  Logo_USAID

Top