[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Portfolio / Следење на кривичниот прогон во врска со делата против изборите и гласањето (2005)

Следење на кривичниот прогон во врска со делата против изборите и гласањето (2005)

Период на имплементација: јули 2005 година

Основни цели

  • утврдување на подготвеноста на државните институции да се справат со изборните нерегуларности, особено подготвеноста на судскиот систем да се справи со лицата кои за време на локалните избори 2005 година извршија кривични дела против изборите и гласањето
  • идентификување на проблемите со кои се соочува судството при гонење на сторителите на кривичните дела против изборите и гласањето и предлагање правни и институционални реформи
  • постигнување поголема ефикасност во борбата за успешно справување со изборните нерегуларности како и обезбедување услови за одржување фер и демократски избори


Проектни активности

  • Идентификување на нерегуларностите во текот на локалните избори во 2005 година и нивно следење во преткривичната и кривичната постапка
  • Набљудување на судските предмети за кривичните дела против изборите и гласањето
  • Соработка со релевантни институции (јавни обвинителства, судови, државна изборна комисија и други)
  • Изработка на Финален извештај за состојбата на изборните нерегуларности, вклучувајќи заклучоци и препораки за измена на изборното законодавство

Контакт:

Александар Стојановски – Проектен координатор

Донатори:

  • OSCE Набљудувачка Мисија во Скопје
  • Фондација Институт Отворено Општество – Македонија

Logo_OSCE  Logo_FIOOM

Top