[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Portfolio / Проценка на судските реформи и ефикасноста на судското постапување (2010)

Проценка на судските реформи и ефикасноста на судското постапување (2010)

Период на имплементација: јануари – декември 2010 година

Основни цели

Целта на проектот е да придонесе кон зајакнување на независноста, ефикасноста и објективноста на судството во Република Македонија како и да ја поттикне правилната имплементација на судските реформи дефинирани со стратешките документи за Евроинтеграција на земјата.

Предвидени активности: набљудување на судските постапки, организација на една работилница и изготовка на аналитички извештај. Целната група на проектот се состои од основните судии низ републиката, апелационите судови, обвинителство, Министерство за правда, Академијата за обука на судии и јавни обвинители и нивни заменици на РМ, Министерство за внатрешни работи, Секретаријатот за ЕУ интеграции како и пошироката јавност.

Проектни резултати

  • Проценка на состојбата во судството со компаративна анализа на истото од 2006 година
  • Надградба на знаењето на стручната јавност со што ќе се придонесе кон подобро и поуспешно процесуирање на предметите во судските институции

Контакт

Славица Димитриевска – Програмски директор

Донатори

  • Civil Rights Defenders (поранешен Шведски хелсиншки комитет)

Logo_CRD

Top