[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Portfolio / Проект на УСАИД за правна заштита на жените (2015-2017)

Проект на УСАИД за правна заштита на жените (2015-2017)

(МАРТ 2015 – МАРТ 2017)

Проектот на УСАИД за правна заштита на жените е имплементиран од страна на Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ во партнерство со Отворена Порта – Ла Страда Македонија и Коалицијата “ Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници ” а со користење на капацитетите на Коалицијата “Сите за правично судење” во набљудување на судски предмети.

Основна цел на проектот е обезбедување на соодветна правна заштита на жените жртви на насилство и дискриминација, вклучувајќи го семејното насилство, сексуалното насилство, трговијата со жени и сексуалните работнички.

Во периодот 2015 – 2017 се започна набљудување во кривична и граѓанска постапка за заштита на жените жртви на насилство и тоа со посебен фокус на жените жртви на семејно насилство , сексуално насилство, жртви на трговија со луѓе и жени кои се занимаваат со сексуална работа.

Во рамките на овој проект, во Февруари 2015, беше објавен конкурс за професионални набљудувачи, при што примените набљудувачи посетија обука за прашалници по семејно насилство од 11-12 Февруари.

Проектот во 2015 година се спроведуваше во Скопје, Битола, Кочани, Куманово, Прилеп, Штип, Кавадарци, Охрид, Струмица и Тетово.

Logo_USAID

Top