[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Portfolio / “Мониторинг на имплементацијата на меѓународни стандарди за правично судење во Основен суд Скопје I и Скопје II”

“Мониторинг на имплементацијата на меѓународни стандарди за правично судење во Основен суд Скопје I и Скопје II”

Времетраење: 15 (петнаесет) месеци

Проектот се спроведува на локално ниво, преку мониторинг на имплементација на стандардите за правично судење во рамки на работата на Основен суд Скопје I и Скопје II Скопје.
Цели на проектот: Основната цел на проектот се однесува на зголемување на довербата на јавноста во правниот систем и судството, преку идентификување на проблемите во судскиот систем а истовремено и нагласување на потребата за правни и институционални реформи преку кои ќе се обезбеди поголемо почитување на стандардите за правично судење пред домашните судови како и запознавање на јавноста со стандардите за правично судење.

Главни активности:

  • Да се анализира работата на Основен суд Скопје I и Скопје II, а посебно во делот на имплементација на меѓународните стандарди за правично судење преку спроведување на мониторинг на избран примерок од 80 судски предмети (40 кривични и 40 граѓански предмети) со цел да се испита примената на меѓународните стандарди за правично судење во текот на судската постапка;
  • Подготовка и публикација на аналитички извештај кој што ќе даде еден компаративен преглед на домашната регулатива и законската регулатива на други земји и одредбите од меѓународните документи. Од резултатите и заклучоците ќе бидат дадени препораки за идни решенија кои би придонеле за доследна примена на меѓународните стандарди за правично судење;
  • Континуирана ПР кампања за реализираните активности во тек на имплементација на проектот
  • Препораки за идни решенија кои би придонеле за доследна примена на меѓународните стандарди за правично судење; Организирање на прес конференција, на која што ќе се презентираат резултатите од проектот;

Преку овој проект Коалицијата “Сите за правично судење” продолжува континуирано да ги следи судските процеси во земјата и на тој начин се запазува долгогодишната практика на мониторинг.

Финансиска поддршка: Делегацијата на ЕУ во рамките на Програмата на ИПА за поддршка на граѓанското општество; Институт за европска политика Скопје.

Контакт:
contact@all4fairtrials.org.mk
abogdanvoska@all4fairtrials.org.mk

Logo_EPILogo_MREZA23  logoeu

 

Top