[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Portfolio / Проект за поддршка на човековите права (2004-2014)

Проект за поддршка на човековите права (2004-2014)

Период на имплементација: јануари 2004 – декември 2014

Logo_HRSP

Проектот за поддршка на човековите права обезбедува бесплатна правна помош на лица кои се потенцијални жртви на полициска злоупотреба и кои сметаат дека нивните права се повредени при преземање на полициски овластувања од страна на овластени службени лица во МВР.

Како може проектот за поддршка на човековите права да Ви помогне?

Во рамките на бесплатното правно советување, правните советници вклучени во проектот ги преземаат следниве активности:

  • Интервјуирање и документирање на наодите,
  • Фотографирање на повреди и други докази,
  • Помагање на повредените лица да добијат неопходно медицинско лекување и да извадат соодветна документација за сторените повреди,
  • Собирање на дополнителна документација,
  • Давање совети за правните лекови кои им стојат на располагање на потенцијалните жртви, вклучувајќи поднесување на претставки до Секторот на МВР за Внатрешна контрола и професионални стандарди, Канцеларијата на Народниот правобранител, Јавното обвинителство, како и приватни тужби,
  • Помагање на потенцијалните жртви во изготвување писма, жалби и поднесоци до горенаведените институции,
  • Застапување на потенцијалните жртви пред државните органи и судот,
  • Мониторирање на судските постапки на потенцијалните жртви од полициска злоупотреба или тортура.

Публикации

  • Механизми за заштита на човековите права во случаи на пречекорување на полициските овластувања <<преземи>>
  • Постер и флаер 2010
  • Ефикасност во заштитата на човековите права при пречекорување на полициските овластувања <<преземи>>
  • Пристап до правдата <<преземи>>
  • Полицијата и човековите права, годишен извештај <<преземи>>
  • Проект за поддршка на човековите права, извештај за прериодот 2006/2007<<преземи>>
  • Прелиминарен извештај, 2004 <<преземи>>
  • Прелиминарен аналитички извештај <<преземи>>
  • Проект за поддршка на човековите права, извештај за периодот 2004/2005<<преземи>>
  • Флаер <<преземи>>


Кому да се обратите?

Дополнителни информации на www.hrsp.org.mk

Контакт:

Александра Богдановска – Проектен координатор

e-mail: abogdanovska@all4fairtrials.org.mk

тел: +389 2 6139874

Донатори во 2010:

  • Европска Унија – EIDHR
  • Волонтерски Фонд за жртви од тортура при ООН – UNVFVT
  • Институт отворено општество – Будимпешта

Logo_OHCHR

Донатори од 2004-2009

  • Набљудувачка мисија на ОБСЕ
  • Фондација Институт Отворено Општество-Македонија
  • Волонтерски Фонд за жртви од тортура при ООН – UNVFVT

Logo_OSCE Logo_FIOOM

 

Top