[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Portfolio / Програма за набљудување на судските предмети во врска со корупцијата во Република Македонија (2009)

Програма за набљудување на судските предмети во врска со корупцијата во Република Македонија (2009)

Период на имплементација: јануари – декември 2009 година

Основни цели

Проектот „Програма за набљудување на судските предмети во врска со корупцијата во Република Македонија“ веќе втора година се реализира низ судовите на Република Македонија. Целта на проектот е да ја подигне свеста кај стручната и поширока јавност за судскиот одговор во борбата против корупцијата. Самиот проект е заснован врз податоците добиени од набљудувањето на судските постапки за дела од областа на корупцијата, што овозможува да се дојде до сознанија за почитувањето на стандардите за фер и правично судење при постапувањето на судиите – кривичари по предметите од областа на корупцијата, а воедно и да се направи анализа како македонското судство се бори против корупцијата.

Проектни активности

  • Набљудување на судските предмети во врска со корупцијата
  • Собирање на информации од набљудувањето
  • Подготовка и публикација на аналитички извештај

Контакт

Славица Димитриевска – Програмски директор

Донатори

  • Civil Rights Defenders (поранешен Шведски хелсиншки комитет)
  • Амбасада на Кралството Холандија во Република Македонија

Logo_CRD Logo_HA

Top