[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Portfolio / Правна подготвеност за инспекции во граѓански организации

Правна подготвеност за инспекции во граѓански организации

Временска рамка                                                                                              

04.04.2017-02.08.2017

Донатор – Цивика Мобилитас

Соработници:                                                                                               

 Коалицијата сите за правично судење

 Македонското здружение на млади правници (МЗМП)

 Институтот за човекови права (ИЧП)

Основна цел

Да се спречат негативните ефекти од инспекциите и да се зајакне довербата меѓу самите граѓански организации за нивното правилно работење како основа за остварување на правото на здружување и изразување и да се зајакне граѓанското општество како институција.

Активности:

1. Организирање на две фокус групи со претставници на засеганатите граѓански организации со цел утврдување на предизвиците од правна природа со кои се соочија организациите за време на траењето на инспекциите и конторилите од државните институции.

2. Правна анализа на законодавството во РМ кое се однесува на обврските на граѓанските организации во однос на персоналниот данок на доход како и за правната уреденост на надворешната(даночна)конторола и спроведувањето на предистражни дејствија во кривична постапка кои се однесуваат за кривични дела поврзани со финансовото и даночното работење.

3. Обезбедување на правна поддршка на организациите кои се соочуваат со инспекции и контроли преку изработка на водичи и директна правна помош од страна на адвокат.

4. Изработка на документ за јавна политика кој ги идентификува нејасните и непрецизните законски одредби кои ја загрозуваат правната сигурност на граѓанските организации и ќе предложи препораки за нивно подобрување.

5. Организирање на тркалезна маса на која ќе биде промовиран документот за јавна политика.

Постигнати резултати:

1. Изработени три водичи за граѓанските организации во кои на јасен начин се претставени обврските на организациите во областа на даночното,трудовото право како и на правата и овластувањата на органите во предкривична постапка.

2. Обезбедена директна правна поддршка и правни совети на граѓански организации.

3. Изработен документ за јавна политика „Како до подобра законска регулатива која ќе ги заштити граѓанските организации од арбитрарни инспекции и контроли во областа на даночното работење?“ кој содржи препораки за законски измени.

4. Изработка на иницијатива за пред уставен суд на РМ која има за цел оспорување на одредби од Законот за пресоналниот данок на доход.

Top