[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Portfolio / Правен, финансиски и физички пристап до правда во основните судови во Република Македонија

Правен, финансиски и физички пристап до правда во основните судови во Република Македонија

Проектот е овозможен со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Времетраење: јуни 2018 – ноември 2020

Целта на овој проект е давање поддршка за подобрување на пристапот и квалитетот до правда со посебен фокус на граѓанските судски постапки и ранливи категории на граѓани (маргинализирани групи и лица со попреченост) во 4те апелациони региони: Скопје, Гостивар, Битола и Штип.

Главните активности на проектот се:

  • Мониторинг на имплементација на домашните процесни закони и меѓународните стандарди за фер судење
  • Истражување и евалуација на финансиските трошоци и должината на судските постапки
  • Истражување и евалуација на условите во судовите кои се од значење за овозможување на соодветен начин пристап до правда особено на ранливите категории на граѓани
  • Информирање на општата и стручната јавност (подигање на свеста).

Очекувани резултати од проектот:

  • Подобрување на судската ефикасност, траснпарентност и одговорност преку мониторинг на 800 граѓански судски постапки
  • Подобрување на економската исплатливост и времетраењето на граѓанските судски постапки
  • Проценка на достапноста на судските сервиси за маргинализираните групи на граѓани
  • Зголемување на бројот на граѓани кои се обраќаат до Коалицијата Сите за правично судење за правна и судска проблематика

Корисни линкови:

Инфо флаер

Образец за пријавување на мониторинг на граѓански постапки

Проектот Правен, финансиски и физички пристап до правда во основните судови во Република Македонија е поддржан од Проект на УСАИД за Граѓанско учество.

Top