[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Portfolio / Поддршка на судските и кривично правните реформи

Поддршка на судските и кривично правните реформи

Коалицијата „Сите за правично судење“ започна со имплементација на проектот Поддршка на судските и кривично правните реформи“ во периодот од април до декември 2018 година со финансиска поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Реализацијата на проектот се базира на набљудување на кривични предмети што се водат по новиот Закон за кривична постапка, врз основа на што ќе произлезат заклучоци за имплементацијата на Законот за кривична постапка, но и за почитувањето на човековите слободи и права, гарантирани со Устав и закон, пред судовите во кривичната постапка. Набљудувањето ќе биде спроведено во основните судови на четирите апелациони подрачја во Република Македонија.

Проектни активности:

  • Да се спроведе мониторинг на 400 главни расправи од страна на 16 набљудувачи во четирите апелациони подрачја.
  • Да се подготви и објави конечна пишана анализа за мониторингот на судските постапки
  • Да се организираат две еднодневни тракалезни маси во различни апелациони подрачја на кои што судии, јавни обвинители, адвокати, набљудувачи ќе дискутираат за наодите и заклучоците од мониторингот во последните 3 години.
  • Да се одржи завршна конференција за презентацијата на анализата и податоците произлезени од мониторирањето.

Top