[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Portfolio / Поддршка на кривично правната реформа за промоција на владеењето на правото и стандардите за правично судењe(2014)

Поддршка на кривично правната реформа за промоција на владеењето на правото и стандардите за правично судењe(2014)

Период на имплементација: март 2014 – декември 2015 година

Реализацијата на проектот „Поддршка на кривично правната реформа за промоција на владеењето на правото и стандардите за правично судењe“ се базира на набљудување на кривични предмети што се водат по новиот Закон за кривична постапка врз основа на собраните податоци ќе произлезат заклучоци за имплементацијата на Законот за кривична постапка и за транспарентноста на судството. Два паралелни мониторинг пристапи ќе бидат спроведени од страна на стручната јавност и од страна на нестручната јавност кои ќе придонесат кон сеопфатен преглед на кривичната постапка и транспарентноста на судството. Врз основа на резултатите од спроведениот судски мониторинг ќе добиеме две проценки:

  1. Стручна проценка за потребите за измена и дополнување на Законот за кривична постапка и детекција на проблемите кои претставуваат пречка за практична примена на кривичната постапка.
  2. Пилот проценка за јавноста и транспарентноста на судењата од позиција на нестручната јавност.

Со оглед на неодамнешното стапување на сила на новиот Закон за кривична постапка, проценките ќе послужат како почетен чекор кон развојот на Коментарот на новиот ЗКП и ex post евалуација на новиот ЗКП..

Главна цел на проектот:

  • зајакнување на јавното набљудување над судскиот систем преку проширен судски мониторинг од страна на стручната и нестручната јавност

Проектни активности

  • Спроведување на проширен судски мониторинг од страна на стручната јавност со цел да се процени практичната имплементација на новиот Закон за кривична постапка (ЗКП), како инструмент за набљудување ќе се користи стандардизиран прашалник;
  • Спроведување на проширен судски мониторинг од страна на нестручната јавност со цел да се процени транспарентноста на правдата и правичното судење од позиција на обичниот граѓанин врз база на креиран прашалник.

Контакт:

Гоце Ситникоски – Проектен координатор

e-mail: gsitnikoski@all4fairtrials.org.mk

тел: +389 2 613 9874

Донатори:

  • Мисијата на ОБСЕ во Скопје

Logo_OSCE_1

Top