[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Portfolio / Поддршка на имплементацијата на Националната стратегија за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 (модул судски мониторинг)

Поддршка на имплементацијата на Националната стратегија за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 (модул судски мониторинг)

Коалиција „Сите за правично судење“ го спроведува проектот Поддршка на имплементацијата на Националната стратегија за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 (модул судски мониторинг) во периодот април-декември 2019 година со финансиска поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Реализацијата се базира на мониторинг на кривични предмети што се водатв по новиот Закон за кривична постапка од областа на организиран криминал и корупција и од областа на семејно и родово базирано насилство.Набљудувањето ќе биде спроведено во сите 4 апелациони подрачја, во основните судови.

Проектни активности:
Да се спроведе мониторинг на 400 главни расправи од страна на 16 набљудувачи во четирите апелациони подрачја.
Да се подготви и објави конечна пишана анализа за мониторингот на судските постапки
Да се одржи завршна конференција за презентацијата на анализата и податоците произлезени од мониторирањето

Top