[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Portfolio / Невладиниот сектор и судството – надзорни активности, интеракции, соработка и комуникации – ИНПРИС интернационален проект (2015-2016)

Невладиниот сектор и судството – надзорни активности, интеракции, соработка и комуникации – ИНПРИС интернационален проект (2015-2016)

Период на имплементација: јануари 2015 – март 2016 година

Почнувајќи од Јануари 2015 година Коалицијата “Сите за правично судење” е партнерска организација во проектот “Невладиниот сектор и судството – надзорни активности, интеракции, соработка и комуникации” воден од страна на полската организација ИНПРИС, финансиран од Вишеградскиот Фонд и Министерството за надворешни работи на Република Кореа.

Генералната тема на проектот “НВО и Судството” е надзорни активности (watch dog activities), соработка, интеракција, комуникации и врски помеѓу НВО секторот и судството со специјален фокус на граѓанско мониторирање на судството.

Основни цели

Целта на проектот е да се соберат и споделат добри практики во областа на соработка помеѓу НВО секторот и судството, посебно граѓанското мониторирање на судството, со фокус на земјите од Западен Балкан. Граѓанските организации се сe повеќе инволвирани во различни активности поврзани со судството (како и проекти со соработка) и многу од овие активности се различни форми на мониторирање. Целта е да се открие како овие проблематики се адресирани во различни земји. Проектот е поделен на 3 фази – истражување, студиска посета во Полска на сите партнери и работилница во Западен Балкан.

Посебните граѓански активности вклучуваат: мониторирање на судството од страна на НВО секторот (судските активности, комуникации со граѓани, назначување на судии), мониторирање на судски постапки, учество на граѓански организации во судски постапки, amicus curiae, тренинзи и работилници за судии организирани од страна на експертски граѓански организации, соработка на граѓански организации со судски асоцијации и граѓански организации како организации кои ги едуцираат граѓаните за судството.

Проектни активности

Сите овие активности имаат голема улога во формирање на граѓанското општество, јакнење на владеењето на правото и демократијата. Прво, граѓаните преку НВО сектор вршат контрола врз судството преку различни форми на мониторирање. Второ, со самото учество на граѓаните во судските процеси и преку едукативни проекти, НВО сектор го зајакнува судството, помага при зголемување на професионалните капацитети на судиите и ја подржува активноста на судот.

Партнери

Главен носител на овој проект е ИНПРИС Полска, заедно со партнерските организации од Вишеградските земји: ЦЕЛЛИ Институт (Република Чешка), ВИС ЈУРИС (Словачка) и следните партнери од Западен Балкан: Албански Хелсиншки Комитет (Албанија), Коалиција на здруженија на граѓани “ Сите за правично судење” (Македонија) и Комитет на правници за човекови права – ЈУКОМ (Србија).

Контакт:

Александра Богдановска – Извршна директорка

e-mail: abogdanovska@all4fairtrials.org.mk

tel: +389 2 613 9874

Донатори

  • Visegrad Fund
  • Ministry of Foreign Affairs of the Republic of Korea

Logo_visegrad_fund Logo_mofa

Top