[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Portfolio / Набљудување на судски предмети од областа на организираниот криминал и корупција

Набљудување на судски предмети од областа на организираниот криминал и корупција

Во наредниот период од четири месеци Коалиција „Сите за правично судење“ ќе го имплементира проектот „Набљудување на судски предмети од областа на организираниот криминал и корупција“ со финансиска поддршка од Фондацијата Отворено Општество Македонија кој ќе биде надополнување на долгогодишната работа на Коалицијата во полето на судскиот мониторинг.

 

Времетраење: октомври 2018 – јануари 2019

Реализацијата на проектот се базира на мониторинг на високо профилирани предмети од областа на организираниот криминал и корупција. Преку мониторингот се овозможува прибирање на статистички податоци за начинот на имплементација на новиот Закон за кривичната постапка (ЗКП) во кривични постапки поврзани со организиран криминал и корупција.

Цели на проектот:

  • Да се оцени судската ефикасност преку следење на имплементацијата на новиот ЗКП
  • Да се процени кривично – правниот одговор на борбата против корупцијата и организираниот криминал
  • Воспоставување на систем за рано известување за недостатоци во примената на новиот ЗКП
  • Да се процени степенот на почитување на стандардите за фер судење

Целни групи:

  • Судии, ОС Скопје 1, Врховен суд, Судски совет
  • Јавни обвинители, СЈО, ОЈО ГОКК
  • Адвокати, обвинети, оштетени
  • Медиуми, стручна јавност, општа јавност
  • Универзитетски професори, Академија за судии и јавни обвинители

Очекувани резултати:

  • Изготвени 3 месечни брифови
  • Набљудувани најмалку 180 судски рочишта поврзани со организиран криминал и корупција
  • Запознавање на стручната и општа јавност со степенот на почитување на процесните правила и начела за фер судење
  • Финален извештај со преглед на ефикасноста на судот во постапувањето во високо профилирани предмети

Top