[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Portfolio / Мониторинг на судски предмети од областа на трговијата со луѓе и илегалната миграција во 2010

Мониторинг на судски предмети од областа на трговијата со луѓе и илегалната миграција во 2010

Период на имплементација: јануари 2011 – август 2011 година

Основни цели

Нотирање на промени од претходниот мониторинг на судски предмети за кривични дела од областа на трговијата со луѓе и илегалната миграција и следење на примената на новите механизми за поуспешна борба против организираниот криминал. Предлагање мерки за подобрување на судското постапување за предметите од областа на трговијата со луѓе како и поддршка за изнаоѓање на адекватен одговор за казнување на ваквите кривични дела. Подигнување на свеста кај стручната и пошироката јавност во борбата против овој вид организиран криминал преку одржување на прес конференција, изготвување на завршна анализа со статистики и препораки за ефикасноста на судот и другите надлежни институции кои треба да се справат со овој феномен.

Проектни активности

  • Главен инструмент за предвидените набљудувања е прашалникот кој ги опфаќа сите релевантни области од судската постапка. Прашалникот содржи 60 прашања кои се во тесна врска со судската постапка и се пополнува по секое реализирано рочиште од страна на набљудувачот. Коалицијата Сите за правично судење располага со тим на искусни набљудувачи (20 набљудувачи), кои веќе години наназад вршат набљудување низ судовите во Републиката. Набљудувањето ќе се реализира низ сите судови каде се пријавени предмети за погоре споменатите кривични дела. Набљудувањето ќе се спроведува во текот на целиот проектен циклус непречено.
  • Предвидената работилница се планира да биде организирана како и досега во соработка со Академијата за обука на судии и јавни обвинители. Темата, нејзината обработка и подготовката на содржинскиот дел од работилницата ги врши Коалицијата додека Академијата е задолжена за логистичката подготовка, просторот и повикување на слушателите т.е судиите, јавните обвинители и стручните соработници.
  • По завршената работилница ќе биде изготвен записник односно краток извештај за дискутираното. На слушателите ќе им бидат поделени евалуациски формулари со цел оцена на квалитетот на работилницата.
  • Правната анализа ќе биде изготвена од страна на проектниот координатор (дипломиран правник), кој врз основа на собраните податоци од набљудувањата но и сумираните резултати од самите работилници ќе треба да ја напише анализата, изведе заклучоци и понуди препораки за подобрување на судската ефикасност во борбата против организираниот криминал со посебен осврт на трговијата со луѓе и илегалната миграција.
  • Правната анализа ќе биде публикувана на официјалната веб страна на Коалицијата Сите за правично судење www.all4fairtrials.org.mk

Контакт:

Михаил Готовски – Проектен координатор

Донатори:

  • Влада на Република македонија

vlada_logo

Top