[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Portfolio / “Мониторинг и зајакнување на капацитетите на институциите во борбата против организираниот криминал и корупција”

“Мониторинг и зајакнување на капацитетите на институциите во борбата против организираниот криминал и корупција”

Проектот е финансиран од Европска Унија.

Времетраење на проектот– декември 2018-јуни 2021

Од декември 2018 година започна да се имплементира новиот проект Мониторинг и зајакнување на капацитетите на институциите во борбата против организираниот криминал и корупција. Носител на овој проект е  Асоцијација за демократска иницијатива (АДИ) од Гостивар, во партнерство со Коалицијата „Сите за правично судење“. Проектот е финансиран од ИПА фондовите на Европската Унија. Главната цел на проектот е да се даде придонес кон работата на институциите во борбата против организираниот криминал и корупција

Специфични цели:

  • Да се подобри транспарентноста на Специјалното јавно обвинителство, Јавното обвинителство за гонење на организинран криминал и корупција и Државната комисија за спречување на корупција
  • Да се оцени ефикасноста на Основниот суд Скопје 1 Скопје во предметите на организираниот криминал и корупција
  • Да се зголеми довербата на јавноста во институциите кои се борат против организираниот криминал и корупција

Активности:

  • Мониторинг и евалуација на транспарентноста и пристапноста на институциите кои се борат против организираниот криминал и корупцијата
  • Мониторинг на Специјалното јавно обвинителство, Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Државната комисија за спречување на корупција во поглед на јавноста и транспарентноста
  • Мониторинг на судски предмети од областа на организираниот криминал и корупција во Основниот суд Скопје 1 Скопје

Целни групи:

  • Основен суд Скопје 1 Скопје
  • Специјално јавно обвинителство
  • Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција
  • Државна комисија за спречување на корупција
Top