[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Portfolio / Кампања “ФЕР Е КОГА Е ФЕР ЗА СИТЕ”

Кампања “ФЕР Е КОГА Е ФЕР ЗА СИТЕ”

Временска рамка                                                                                              

01.08.2017-31.01.2018

Донатор – Цивика Мобилитас

Целта на кампањата е информирање и промоција за основните права на сите учесници во една кривична постапка, со особен осврт на правото на фер и правично судење предвидено во Уставот на РМ, Европската конвенција за човекови права, како и останатото домашно процесно законодавство. Резултатите кои се очекуваат да се постигнат со оваа кампања се:

  • Запознавање на пошироката јавност- граѓаните со стандардите предвидени во член 6 од Европската конвенција за човекови права, со тоа што истите ќе бидат информирани за суштината и значењето на правото на фер и правично судење.
  • Да се придонесе кон подигнување на свеста за непристрасноста и независноста на судиите во судските постапки, како и правото на одбрана на обвинетиот во една кривична постапка.
  • Подигање на свеста за фундаменталното човеково право – правото на правично судење и дека сите страни се еднакви пред законот, преку акцентирање на потребата и важноста на правичното судење и апсолутната независност на судот преку почитување на законите без исклучок и нивна примена на сите актери во едно општество.

Оваа кампања е финансирана од програмата Цивика мобилитас која го поддржува граѓанското општество во промовирање општествени промени во (стратешки) области, како што се добро владеење, децентрализација и развој на граѓанското општество. Исто така, се поддржува граѓанското општество и во упатувањето на три „трансверзални теми“: родовите прашања, меѓуетничките односи и миграциите.Сите региони и општини, сите сектори и теми се важни за Цивика мобилитас која ќе настојува да ги намалува регионалните и секторските разлики во развојот на граѓанското општество. Внимателно осмислениот институционален развој и организациско јакнење треба да придонесе и кон развојот на целото граѓанско општество како сектор и кон јакнење на самите граѓански организации.

Top