[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Portfolio / „За правда – Следење на спроведувањето на Стратегијата за реформи во правосудството 2019 – 2020“

„За правда – Следење на спроведувањето на Стратегијата за реформи во правосудството 2019 – 2020“

Коалиција „Сите за правично судење“ во партнерство со Хелсиншки Комитет за човекови права на Република Македонија (МХК), Македонско здружение на млади правници (МЗМП), Институт за човекови права (ИЧП), Здружение на граѓани – институт за европска политика (ЕПИ) и Центар за правни истражувања и анализи (ЦПИА) ќе го спроведува проектот.

Времетраење: од 01.07.2019 до 29.02.2020 година.

 

Општа цел: Зголемено влијание на граѓанските организации врз процесот на спроведување на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (2017 – 2022) и зајакнување на независноста и непристрасноста на судството.

Посебни цели: (1) Да го оцени спроведувањето на Стратегијата во однос на почитувањето на временската рамка утврдена со Акцискиот план, транспарентноста на процесот, како и нивото на вклученост на засегнатите страни и граѓанскиот сектор; (2) Да го оцени квалитетот на предложените закони и политики, како и степенот на реализирање на целите поради кои истите се донесени; (3) Да влијае на процесот на реформи во правосудството преку изработка и доставување на препораки засновани на докази за предложените закони и политики и унапредување на јавната дебата

Главни активности се во вид на следење (мониторинг), активности за анализа и активностите за застапување.

 

Очекувани резултати

  • Три квартални извештаи со оценка на навременоста, инклузивноста и транспарентноста на имплементацијата на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор со инфографици
  • Две тематски анализи со оценка на квалитетот и применливоста на донесените закон и мерки за предвидени со Стратегијата за реформа на правосудниот сектор
  • Доставени предлози и коментари на ЕНЕР за најмалку шест (6) предлог или нацрт закон опфатен со Стратегијата
  • Изработени најмалку 2 документи за јавни политики во кои се даваат насоки за предвидените измени
  • Учество на најмалку четири состаноци на Советот за следење на реформите во правосудството и споделување на мислењата и ставовите на групата
  • Одржани 4 тематски брифинзи со новинари во однос на спроведувањето на Стратегијата
  • Учество на претставници од Блупринт групата во најмалку шест (6) работни групи за изработка на предлог закони
  • Доставени најмалку една (1) иницијатива за одржување на јавна расправа пред работните тела на Собранието на РСМ
  • Информирана јавност за процесот на спроведување на реформите во правосудството и
  • Зголемена препознатливост на Блупринт групата за правосудството во јавноста и меѓу стручната јавност

Целни групи:

Директни целни групи: Влада на РСМ, Министерство за правда, Собрание на РСМ, Советот за следење на реформите во судството, Судски совет на РСМ, Совет на Јавни обвинители, Специјалното јавно обвинителство, Академија за судии и јавни обвинители, судови, Уставен суд, Здружение на судии, коморските организации на адвокатите, нотарите, извршителите и медијаторите.

Индиректни целни групи: Граѓански сектор, медиуми, граѓани на РСМ

 

 

Top