[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Portfolio / Зајакнување на улогата на судството во борбата со организираниот криминал (2009)

Зајакнување на улогата на судството во борбата со организираниот криминал (2009)

Период на имплементација: март – декември 2009 година

Основни цели

Ова е проект за јакнење на капацитетите на Коалицијата ‘‘Сите за правично судење‘‘ и се фокусира на имплементација на нашите препораки кои се резултат на повеќегодишниот процес на набљудување на судења за случаи поврзани со организиран криминал воопшто, а особено на трговија со луѓе и корупција.

Потребата за ангажман на Коалицијата во една ваква активност произлегува од препораките од извештајот од 2008 година за мониторинг на судењата од страна на Коалицијата. Извештајот ја потенцира потребата Коалицијата да стане поактивна во придонесот кон тековниот процес на судските реформи во земјата и става дополнителен фокус на препораките од нашите извештаи.

Главната цел на проектот е да придонесе кон зајакнување на улогата на судството со цел соодветно да се третираат правните и институционални потреби во борбата со организираниор криминал.

Проектни активности

  • Состаноци со заинтересираните страни: Министерство за правда, Здружение на судии на Македонија, Академија за обука на судии и јавни обвинители, Основните судови, Јавно обвинителство
  • Потпишување на Меморандум за соработка со Академијата за обука на судии и јавни обвинители и Меморандум за соработка со со Народниот Правобранител
  • Организација на 8 тркалезни маси/работилници со судии и јавни обвинители
  • Презентација на правните факултети во земјата
  • Организација на 2 прес конференции

Контакт

Славица Димитриевска – Програмски директор

Донатори

  • Набљудувачка мисија на ОБСЕ во Скопје

Logo_OSCE

Top