[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Portfolio / Доста е од жртви на насилство – превенција, пристап, правна заштита(2015-2016)

Доста е од жртви на насилство – превенција, пристап, правна заштита(2015-2016)

(декември 2015 – мај 2016 )

Од ноември 2015 година, Коалицијата “Сите за правично судење” го спроведува проектот “Доста е од жртви на насилство – превенција, пристап, правна заштита” во рамките на Тројното А за граѓаните – пристап до информации, превенција и правна заштита. Ова е проект кој е имплементиран во рамките на програмата на Европската комисија за партнерство помеѓу организациите на граѓанското општество. Во 2012 година, проектот “Тројното А” поддржал повеќе проекти и активности имплементирани од држави од Западен Балкан (Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Косово) и Турција со цел за унапредување на пристапот до правдата за граѓани од овој регион. Во март 2015 година, проектот влегол во втората фаза во која ги проширил своите активности во 3 држави: Албанија, Македонија и Црна Гора. Проектот Тројното А за граѓани има цел да ја зајакне улогата на граѓанските организации кои нудат услуги за пристап до информации, превенција и правна заштита на граѓаните во однос на нивните права во Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Македонија, Албанија, Црна Гора и Турција. Исходот е креирање на европска мрежа на  граѓански организации кои ќе работат на граѓанските права.

Индивидуални цели:

  1. Информирање и обучување – “Превенција”
  2. Обезбедување на бесплатни правни совети – “Пристап до правда”
  3. Овозможување на правна заштита – “ Правна заштита”

               Проектот е финансиран од Европската комисија

about

Контакт

Коалиција “Сите за правично судење”

Проектен координатор: Натали Петровска

Локација: Ул. Македонија бр. 11/2-10,Скопје  еmail: npetrovska@all4fairtrials.org.mk    број: +389 2 6139 874

Побарај помош

logokoalicija       logoecas    logoeu   logo3a

Top