СОБРАНИЕ
Собранието се состои од делегати, претставник од секоја членка на Коалицијата или негов заменик и брои вкупно 15 члена. За успешно спроведување на седницата на собранието потребно е да присуствува повеќе од половина од делегатите односно најмалку 8.
ИЗВРШНА ДИРЕКТОРКА

Натали е адвокатка од 2008 година, а од септември 2014 е и основачка и ко-партнерка на адвокатското друштво Чадиева & Петровска-Скопје. Таа е долгогодишна правна советничка-адвокатка и специјализиран набљудувач во многу од судските случаи кои Коалицијата „Сите за правично судење“ ги набљудува. Натали има повеќегодишно искуство во обезбедувањето бесплатна правна помош и советување, толкување на разни закони и подзаконски акти, застапување пред надлежни судови и државни органи, како и пред Меѓународниот суд за човекови права. Нејзина специјалност е кривичното право.”
email: npetrovska@all4fairtrials.org.mk
УПРАВЕН ОДБОР

Љузим Хазири е избран за член на управниот одбор на 16-та седница на годишното собрание со мандат од 4 години.

Симонида Кацарска е избрана за член на управниот одбор на 16-та седница на годишното собрание со мандат од 4 години.

Драги Змијанац е избран за член на управниот одбор на 16-та седница на годишното собрание со мандат од 4 години.

Лазар Нанев е избран за член на управниот одбор на 16-та седница на годишното собрание со мандат од 4 години.

Вулнет Зенки е избран за член на управниот одбор на 16-та седница на годишното собрание со мандат од 4 години.
НАДЗОРЕН ОДБОР

Блерим Салихи е избран за член на Надзорен одбор на 15та седница на годишното собрание со мандат од 2 години. Блерим е дипломиран правник, а во МУЛТИКУЛТУРА-Тетово е ангажиран од 2016 година.
E-mail: sblerim@outlook.com

Цветанка Камчева е избрана за член на Надзорен одбор на 15та седница на годишното собрание со мандат од 2 години. Цветанка е магистар по јавна администрација, а во Совет за превентива против малолетничка деликвенција(СППМД)-Кавадарци, ангажирана од 2009 најпрво како волонтер, а потоа како координатор на ЕВС волонтерите.
E-mail: cvetce_kamceva@yahoo.com.

Димитар Низамовски е избран за член на Надзорен одбор на 15та седница на годишното собрание со мандат од 2 години. Димитар е дипломиран правник, студент на мастер студии по Уставно право и политички систем, а во Младински Образовен Форум (МОФ)-Скопје работи како програмски координатор на програмата Учиме право.
E-mail: dimitar_nizamovski@mof.org.mk