[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / ЈАВЕН ПОВИК ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ МЕНТОРСКА ПОДДРШКА НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ МЕНТОРСКА ПОДДРШКА НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

                                 

Коалицијата Сите за правично судење во соработка со водечкиот партнер Македонското здружение на млади правници како и Данскиот совет за бегалци и Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип, во рамки на проектот „Правна помош и поддршка за зајакнување на капацитетите за застапување и одржливост на локални граѓански организации”, финансиски поддржан од Европската Унија, објавува јавен повик за обезбедување бесплатна менторска поддршка за организациско зајакнување на граѓански организации.

Опис на менторската поддршка

Менторската поддршка има за цел да ги зајакне граѓанските организации во три области:

  1. Правно зајакнување преку подобрување на внатрешната организација и обезбедување на целосна усогласеност со обврските на организациите кои произлегуваат од законите во РМ,
  2. Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за застапување на локално и национално ниво и
  3. Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за развивање на проекти и управување со проектен циклус.

Граѓанските организации кои ќе се пријават на повикот и ќе бидат избрани ќе ги добијат следниве облици на поддршка:

  • Правна помош за подготовка и подобрување на внатрешните акти на граѓанските организации (статути, политики и правилници), за исполнување на законските обврски кои ги имаат граѓанските организации пред институтициите на системот како и за управување со правни ризици на кои се изложени граѓанските организации;
  • Непосредна менторска помош за подготовка на планови за застапување за промена или донесување на нови прописи, политики или одлуки како и нивно спроведување пред локалните и националните власти;
  • Непосредна менторска помош за изработка на проектни апликации, управување со проектен циклус и организациски развој;

Дополнително, граѓанските организации ќе имаат пристап и до обуки и работилници на теми за: административно и финансиско работење, застапување засновано на докази, користење на правни механизми за влијание на политики, изработка на проектни апликации, организациски менаџмент, мониторинг и евалуација на проекти.

Менторската поддршка ќе биде спроведена во период од шест месеци, почнувајќи од септември 2018 до февруари 2019, врз основа на индивидуализиран план за поддршка на секоја граѓанска организација одделно. Менторската поддршка ќе биде обезбедена од тим на искусни ментори со повеќе од 10 годишно искуство од работа во граѓанскиот сектор.

Услови и критериуми за пријавување на повикот

За менторска поддршка ќе можат да се пријават следниве видови на граѓански организации:

  • Здруженија и фондации регистирани согласно Законот за здруженија на граѓани и фондации,
  • Неформални граѓански иницијативи кои се здружени заради остварување на одредена општествена промена и
  • Синдикати на ниво на гранка или работодавец.

При избор на пријавените граѓански организации ќе бидат земени следниве критериуми:

  • Образецот е соодветно пополнет и со придружната документација е доставен во рок и на начин предвиден со Повикот,
  • Јасно идентификување на потребите од менторска поддршка од страна на пријавените граѓански организации,
  • Посветеност на организациско зајакнување,
  • Досегашно недоволно учство во други програми за орагнизациско јакнење на граѓански организации,
  • Рамномерна регионална застапеност и
  • Прифаќање на учество во планираните активностите од програмата за менторство.

Иако не е елиминирачки критериум, приоритет при избор ќе се даде на граѓански организации се засновани на масовно членство, локални граѓански организаици и активистички организации.

Начин на пријавување

Заинтересираните граѓански организации потребно е да го пополнат образецот за пријавување и да го поднесат најдоцна до 30 август 201816:30 ч. Изборот на организациите ќе го врши комисија за оценка на пријавите. Вкупно 15 граѓански организации ќе бидат избрани во првиот циклус на менторска поддршка.

Сите прашања кои се однесуваат на Повикот може да се постават на следнава е-маил адреса: gkocevski@myla.org.mk.

Линк од образец за пријавување: https://goo.gl/forms/GNE0lk2AaX1FXg2y1

Линк од повикот: Јавен повик за менторска поддршка на граѓански организации

Top