[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / ТИМ НА ИЗВРШНА КАНЦЕЛАРИЈА

ТИМ НА ИЗВРШНА КАНЦЕЛАРИЈА

Натали Петровска
Извршна директорка

Натали Петровска е извршна директорка на Коалицијата од 2017 год. Работи како адвокатка од 2008 година и е долгогодишна правна советничка и специјализиран набљудувач во Коалицијата „Сите за правично судење“. Натали има повеќегодишно искуство во обезбедувањето бесплатна правна помош и советување, толкување на разни закони и подзаконски акти, застапување пред надлежни судови и државни органи, како и пред Меѓународниот суд за човекови права. Нејзина специјалност е кривичното право.

email: npetrovska@all4fairtrials.org.mk

Даниел Митковски
Финансиски и административен менаџер

Даниел Митковски е Финансиски и административен менаџер во Коалицијата од 2006г. до денес. Неговото 12-годишно професионално искуство во невладиниот сектор во областите на финансиски менаџмент, администрација, дизајн, менаџмент на интернет мрежи и бази на податоци придонесува за развој на организацијата во оваа област. Неговите клучни одговорности вклучуваат планирање и менаџирање буџети, спроведување на различни видови административни задачи, како и обезбедување консалтинг во областа на бази со податоци.

email: dmitkovski@all4fairtrials.org.mk

Дарко Аврамовски
Проектен координатор

Дарко Аврамовски е член на Националната канцеларија на Коалицијата „Сите за правично судење“ од февруари 2016г. како проектен асистент. Покрај залагањата за правично судење, работи и на едукација на млади луѓе (средношколци и студенти) најпрвин како тренер по дебатни вештини, а подоцна како предавач по “Street Law” програмата, наменета за запознавање на младите со основите на државата и правото, правната култура, граѓански и човекови права и обврски и нивна заштита. Во текот на своето додипломско образование, како стипендист на CMEPIUS поминува две години студиски престој на Правниот факултет при Универзитетот во Љубљана, а по дипломирањето се запишува на постдипломски студии од областа на казненото материјално право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

email: davramovski@all4fairtrials.org.mk

Елена Наковска
Проектен координатор

Елена Наковска е магистер по правни науки од областа на граѓанско право со положен правосуден испит. Своето работно искуство во областа на правосудството го има стекнато во адвокатска канцеларија каде ја има обавувано својата практична работа. Нејзиниот ангажман во Коалицијата започнува во 2015г. како специјализиран набљудувач во граѓански и кривични постапки, а од 2017г. и активно е вклучена во работата на извршната канцеларија како проектен координатор.

email: enakovska@all4fairtrials.org.mk

Ивана Петковска
Проектен асистент
Ивана Петковска е магистер по правни науки од областа на финансовото право и финансиите. Член на тимот на извршната канцеларија на Коалицијата „Сите за правично судење“ е од јануари 2018 година, а како набљудувач е вклучена од 2017 година. Покрај ангажманот во Коалицијата е и предавач-тренер на програмата Учиме право од Младинскиот Образовен Форум наменета за средношколци преку која програма се запознаваат младите со човековите права, демократија, правниот систем на Република Македонија.

email: ipetkovska@all4fairtrials.org.mk

Тамара Димитровска
Аистент и комуникациски офицер
Тамара Димитровска е магистер по правни науки од областа на казнено право. Член на тимот на извршната канцеларија на Коалицијата „Сите за правично судење“ е од јули 2018 година, а како набљудувач е вклучена од 2017 година. Таа има извршувано практична работа во Меѓународниот кривичен суд во единицата за информации и доказни материјали.

email: tdimitrovska@all4fairtrials.org.mk

Top